Девојчињата од претшколска возраст, се „заљубуваат“ во момче од исто маало или од градинка, најчесто во она кое ѝ ја зема куклата и редовно ја задева.rnrnВо основно, девојчињата најчесто негуваат симпатии кон момчиња со сини очи и плава коса, бидејќи така изгледаат принцовите од бајките, или пак за симпатија го избираат оној кој во класот е популарен и кого сите го „сакаат“.rnrnВо средно, девојките сакаат дечко на кого му се познаваат добро исцртани стомачни кога ќе ја крене маицата на физичко. Обично критериумот е да биде висок, згоден, неопходен, и да игра фудбал или кошарка.rnrnВо раните 20-ти години од својот живот, девојките бараат лошо и бестрашно момче и сонуваат дека арогантниот заводник ќе биде добар само спрема нив, а кошмар за останатиот свет.rnrnКако што жената созрева, бара маж кој би бил добар татко и сопруг, грижлив и заштитнички настроен кон семејството. Во овој период критериумите се менуваат, а лошите момци се заменуваат со момци кои се материјал за брак.rnrnНа старост, на жената ѝ треба некој кој ќе ја држи за рака, кој ќе ја сака иако е збрчкана и згрбавена, некој со кого заедно ќе гледаат како внуците им растат.rnrn
rnrnМомците од претшколска возраст, трчаат по прцлата од маало, која ги команда момчињата, и е татина маза. За да добијат внимание ќе ѝ ја земаат куклата или ќе ѝ го кренат фустанчето во јавност.rnrnНа 10 годинки, мора да има симпатија бидејќи сите во класот имаат, па ќе ѝ праќа тајни писменца и ќе се мести да седи до неа на часови.rnrnВо средно, момците сакаат популарни женски, стегнати и дотерани дури и кога одат на училиште, и по можност некоја на која не ѝ треба многу убедување.rnrnКако што им доаѓа време за брак, им треба некоја која по малку ќе ги потсеќа на мамичка, која е добар материјал за домаќинка, која ќе биде грижлива мајка, и на која нема да ѝ пречи кога тој ќе прдне под чаршаф или кога гласно ќе ждригне после пивото.rnrnНа старост, им треба некоја која ќе ја држат за рака, за заедно да им се тресат рацете и да се навраќаат на убавите спомени низ годините.rnrnМојот дедо ѝ ја отвора вратата од кола на баба ми и по 50 години поминати во брак, ја пушта да победи кога играат карти, ги држи внуците под контрола дека ќе го изедат грижливо подготвуваниот зелник на баба, а попатно се фали дека не пробал повкусен. Дедото на моја другарка, ѝ ги собува чевлите на жена си кога се враќаат од прошетка, за таа да не се наведнува и да не се мачи, а бидејќи видот ѝ е лош, седнува до неа и по ред ѝ ги чита весниците од збор до збор.rnrnБез разлика кои или какви ни се критериумите низ годините, на крај сè се сведува на личност која ќе нè држи за рака…rnrn
„Незрелата љубов вели те сакам затоа што ми требаш, зрелата љубов вели ми требаш затоа што те сакам.“ – Ерик Фром
rnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
