Секојдневната брзаница создава неверојатен стрес и притисок кај човекот. Потребна е голема вештина и моќ за да се најде баланс во животот, помеѓу работата, семејството, домот, пријателите. Предизвиците се големи, а човекот, се чини, заборава да го живее вистинскиот живот, затоа што постојано е во потрага по нешто поубаво, повозвишено, поголемо. Забораваме дека едноставноста ги крие најубавите работи во себе, а главната нишка е љубовта.rnrn
rnrnПрочитајте ги 26-те мудрости од Тибет поврзани со животот и ќе сфатите колку малку е потребно за среќа.rnrn1. Ти се допаѓа – кажи.rnrn2. Не ти се допаѓа – кажи.rnrn3. Некој ти недостасува – јави му се.rnrn4. Не ти е јасно – прашај.rnrn5. Сакаш да се сретнете – јави се.rnrn6. Сакаш нешто – побарај.rnrn7. Никогаш не се расправај.rnrn8. Сакаш да бидеш јасен – објасни.rnrn9. Ако си погрешил/а – веднаш кажи го тоа и не барај оправдувања.rnrn10. Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина и дека таа често не се совпаѓа со твојата.rnrn11. Не комуницирај со лоши луѓе.rnrn12. Во животот најважна е љубовта, сè останато е залудно.rnrn13. Човечките проблеми постојат само во главата на луѓето.rnrn14. Твоето опкружување не е ниту зло, ниту добро, тоа може да постои и без тебе.rnrn15. Обиди се да извлечеш задоволство од секое случување.rnrn16. Секогаш имај на ум дека животот е најскапоцен.rnrn17. Не биди здодевен/здодевна.rnrn18. Запомни дека никому ништо не должиш.rnrn19. Запомни дека никој ништо не ти должи.rnrn20. Не жали ги ниту времето, ниту парите што си ги потрошил/а на спознавање на светот.rnrn21. Во животот секогаш сметај само на себе.rnrn22. Верувај им на своите чувства.rnrn23. Со жените, како и со децата, биди трпелив и малку понизен.rnrn24. Живеј денеска, затоа што вчера помина, а утре можеби никогаш нема да дојде.rnrn25. Знај дека денешниот ден е најубав ден!
Љубовта е најважна во животот: 25 животни мудрости од Тибет
