Постои мислење дека личноста која на својата дланка поседува линија што е паралелна со линијата на животот е неверојатно среќна. Неволјите и несреќите секогаш ќе ја заобиколуваат, а среќата нема никогаш да ја напушти во текот на целиот нејзин живот.rnrn
rnrnТаквата линија на дланката е вистинска реткост. Се вика линија на ангелот чувар што значи дека личноста што ја има се наоѓа под посебна заштита на својот ангел чувар и големите сили. Поинаку се нарекува и линија на Марс, а некои ја нарекуваат и втора линија на животот.rnrnЛуѓето кои ја поседуваат оваа линија на дланката се исклучително среќни. Тие, за чудо, остануваат живи во катастрофи и несреќи, имаат одлично здравје, не доживуваат материјални потешкотии и лесно ги надминуваат препреките на животниот пат. Ако имате среќа да имате ваква линија на својата дланка, бидете им благодарни на Бога, на вашата судбина и на вашиот ангел чувар.rnrn
rn
Варијанти на линијата ангел чувар на дланката
rnПаралелно со линијата на животот, по целата должина – Ова е одличен знак! Човекот со таков знак ќе биде заштитен од својот ангел чувар во текот на целиот свој живот.rnrnМала линија која поминува покрај линијата на животот (едвај видлива или испрекината) – Носителите на вакво обележје ги очекуваат животни проблеми и неволји, кои подоцна ќе ги заобиколат.rnrnНа десната рака – Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот за неговите лични заслуги. Тоа може да биде заради сторено добро дело или тешко претрпени страдања.rnrnНа левата рака – Покровителство на ангелот чувар, што претставува дар на човекот кој го добил од моментот на неговото раѓање. Таквите појави често се пренесуваат од предците.