КАФЕ ПАУЗА

Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат

Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат

Како што растат децата, така расте и нивната желба да каснуваат по нешто меѓу оброците. Но, многу спакувани грицки за деца се нездрави и честопати се полни со шеќери и вештачки состојки.rnrnНаместо високо преработена храна, на вашето дете предложете му свежо или суво овошје, ореви, варени јајца, сирење, јогурт, хумус, маслинки, пуканки или кисели краставички. Можете да му подготвите смуди со малини, спанаќ, јогурт и мед. Исто така, можете да му направите и различни сендвичи, на пример со моцарела и со ситно исечени домати; со путер од кикиритки и со парчиња банана или со варено јајце, со авокадо и со домати.rnrnЗдрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваатrnrnПогледнете ги и овие 3 рецепти за здрави закуски кои се лесни за подготовка и можете да ги направите уште денес.rn

1. Енергетски топчиња

rnЕнергетските топчиња можете да ги направите со ленено семе или со чиа кои се извор на растителни влакна, протеини и антиоксиданти. Нивниот вкус нема да биде поразличен од оној на колачињата кои ги купувате. Единствената разлика е тоа што овие енергетски топчиња се полни со хранливи состојки.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 80 г овесни снегулки
  • rn 011

  • 115 г мед
  • rn 011

  • 125 г путер од бадеми
  • rn 011

  • 55 г ленено семе или 110 г чиа
  • rn 011

  • 1 лажичка ванила
  • rn 011

  • 80 г суво овошје или чоколадни струготини
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзмешајте ги сите состојки во еден сад, а потоа формирајте топчиња и ставете ги да отстојат во фрижидерот.rnrnЗдрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваатrn

2. Чипс од кељ

rnКељот се смета за суперхрана, бидејќи содржи многу хранливи состојки. Всушност, децата можат да ја добијат дневната доза на витамините А, Ц и К од само 1 чаша (65 грама) кељ.rnrnПовеќето деца не би го јаделе овој зеленчук, но чипсот од кељ е многу вкусен и можеби ќе им го смени мислењето.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 снопче кељ
  • rn 011

  • 1 лажица маслиново масло
  • rn 011

  • 1 лажичка лук во прав
  • rn 011

  • 1/4 лажичка сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnНасечкајте го кељот, а потоа измијте го и темелно исушете го. Ставете го маслото и зачинете. Потоа распоредете го на хартија за печење и печете го во загреана рерна на 175 степени,10-12 минути.rnrnЗдрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваатrn

3. Ќесадиља со путер од кикиритки и банана

rnПутерот од кикиритки е одличен извор на протеини и здрави масти, а бананата содржи калиум, витамин Б6 и растителни влакна.rnrnОвој едноставен рецепт е многу вкусен и вашето дете сигурно ќе го обожава.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 тортиља од цели зрна
  • rn 011

  • 2 лажици путер од кикиритки
  • rn 011

  • половина банана
  • rn 011

  • 1/8 лажичка цимет
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnРаспоредете го путерот од кикиритки низ целата тортиља. Насечете ја бананата и наредете ги парчињата на едната половина од тортиљата. Посипете цимет и преклопете ја тортиљата. Насечете на триаголници пред да послужите.rnrnЗдрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваатrnrnМожеби ќе ве интересира и овој рецепт за здрав, домашен крем од лешник.