КАФЕ ПАУЗА

Лекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафе

Лекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафе

Група луѓе ја прославувале својата годишнина од дипломирањето и одлучиле да посетат еден стар професор. За време на посетата, почнале да разговараат за работата и да се жалат на разните тешкотии и животни проблеми.rnrnЛекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафеrnrnПрофесорот отишол во кујната да направи кафе, а кога се вратил, носел шолји со различна големина и од различни материјали: некои биле пластични, некои стаклени, некои порцелански, некои евтини, други скапи…rnrnКога поранешните студенти го поделиле кафето, професорот им рекол:rnrn„Имајте на ум дека убавите шолји се раззедоа, а останаа евтините. Иако е нормално да го посакувате најдоброто за себе, сепак тоа е извор на сите ваши стресови и проблеми.rnrnРазберете дека шолјата не го прави кафето подобро. Најчесто таа е само поскапа, но понекогаш дури и го крие она што го пиете. Всушност, сè што сакавте беше кафе, а не шолја. Но, вие намерно го избравте најдоброто и потоа гледавте што ќе изберат другите.rnrnЖивотот е кафето, а работата, парите, позицијата во општеството – сето тоа е шолјата. Тоа се само алатки за одржување на животот. Шолјата што ја имате не го одредува квалитетот на вашиот живот. Понекогаш сте толку фокусирани на шолјата што заборавате дека треба да уживате во кафето.rnrnНајсреќните луѓе не се оние што имаат сè најдобро, туку оние што го извлекуваат најдоброто од она што го имаат.“rnrnПрочитајте ја и оваа руска поучна приказна за родителите што сакаат нивните деца да бидат среќни.