Легендарни олимписки победници

Сподели

И покрај тоа што на секоја Олимпијада се појавуваат нови ѕвезди, сепак постојат легенди кои оставиле белег во историјата на Олимписките игри. Од почетокот на 20-от век па сè до денес, ова се најпознатите олимписки победници.rn

Реклама

Џим Торп

rnОсвоени медали: 15 медали на Олимписките игри во 1912 година кои подоцна му биле одземени затоа што бил професионален бејзбол играч од што заработувал. Во 1983 година му биле вратени само златните медали во универзалните атлетски дисциплини.

Олимписки дисциплини: петобој и десетобој

rn

Паво Нурми

rnОсвоени медали: вкупно 9 златни и 3 сребрени медали на Олимписките игри во 1920, 1924 и 1928 година. Дури 5 златни медали Нурми освоил само на Олимпијадата во Париз во 1924 година.

Олимписки дисциплини: трки на 8.000 метри крос кантри, 8.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, трки на 5.000 метри и 10.000 метри; 5.000 метри крос кантри и 5.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, како и трка на 3.000 метри со пречки

rn

Џони Вајсмилер

rnОсвоени медали: 5 златни медали и 1 бронзен на Олимписките игри во 1924 и 1928 година

Олимписки дисциплини: пливање во слободен стил и ватерполо

rn

Џеси Овенс

rnОсвоени медали: 4 златни медали, по еден во секоја дисциплина во која се натпреварувал на Олимписките игри во 1936 година во нацистичка Германија.

Олимписки дисциплини: трка на 100 метри, на 200 метри, штафетна трка 4 пати по 100 метри и скок во далечина

rn

Емил Затопек – Чешката локомотива

rnОсвоени медали: по 1 златен и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1948 година и 3 златни медали во 1952 година, во дисциплини во кои никогаш претходно не се натпреварувал, меѓу кои бил и маратонот.

Олимписки дисциплини: трки на 5.000 и на 10.000 метри и маратон

rn

Касиус Клеј (Мохамед Али)

rnОсвоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1960 година

Олимписки дисциплини: бокс, тешка категорија

rn

Вилма Рудолф

rnОсвоени медали: 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1956 година и 3 златни медали на Олимписките игри во 1960 година, при што Рудолф постави нови светски рекорди.

Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метри

rn

Лариса Латинина

rnОсвоени медали: рекордни 18 медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) односно, по шест медали за време на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1956, 1960 и 1964 година.

Олимписки дисциплини: прескок, греда, двовисински разбој и партер

rn

Боб Бимон

rnОсвоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1968 година, при што постигнал светски рекорд во скок во далечина кој го држел цели 23 години, сè до 1991 година.

Олимписки дисциплини: скок во далечина

rn

Марк Шпиц

rnОсвоени медали: 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1968 година и 7 златни медали на Олимписките игри во 1972 година, така што секој од седумте златни медали претставува нов рекорд во дисциплината во која се натпреварувал.

Олимписки дисциплини: 100 метри делфин, 100 метри слободен стил, 200 метри делфин, 200 метри слободен стил, штафета 4 пати по 100 метри слободен стил, штафета 4 пати по 200 метри слободен стил и штафета 4 пати по 100 метри мешано

rn

Надја Команечи

rnОсвоени медали: 3 златни медали, по 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1972 година и 2 златни и 2 сребрени медали на Олимписките игри во 1980 година

Олимписки дисциплини: поединечен и тимски повеќебој, греда, партер и двовисински разбој

rn

Теофило Стивенсон

rnОсвоени медали: вкупно 3 златни медали во иста категорија, односно, по еден на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1972, 1976 и 1980 година

Олимписки дисциплини: бокс, тешка категорија

rn

Карл Луис

rnОсвоени медали: 4 златни медали на Олимписките игри во 1984 година, 3 златни и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1988 година, 2 златни медали во 1992 и еден златен медал во 1996 година

Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и скок во далечина

rn

Грег Лауганис

rnОсвоени медали: сребрен медал на Олимписките игри во 1976 година, 2 златни медали на Олимписките игри во 1984 и уште 2 на Олимписките игри во 1988 година

Олимписки дисциплини: скок од 10-метарска платформа

rn

Тимот од соништата (Дрим Тим)

rnОсвоени медали: Професионалните НБА играчи, меѓу кои беа Меџик Џонсон, Скоти Пипен, Лери Брд, Мајкл Џордан и Карл Мелоун, освоија златен медал на Олимписките игри во 1992 година.

Олимписки дисциплини: кошарка

rn

Стивен Редгрејв

rnОсвоени медали: вкупно 5 златни и 1 бронзен медал за време на Олимписките игри во 1984, 1988, 1992, 1996 и 2000 година

Олимписки дисциплини: веслање

rn

Мајкл Фелпс

rnОсвоени медали: вкупно 16 медали од кои 6 златни и 2 бронзени медали на Олимписките игри во 2004 година и 8 златни медали на Олимписките игри во 2008 година

Олимписки дисциплини: 100 и 200 метри делфин, 200 метри слободно, 200 и 400 метри мешано, 4 пати по 100 метри мешано, 4 пати по 100 метри слободно и 4 пати по 200 метри слободно

rn

Усеин Болт

rnОсвоени медали: 3 златни медали на Олимписките игри во 2008 година, при што постави нови светски и олимписки рекорди на трките на 100 и 200 метри.

Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метри

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира