КАФЕ ПАУЗА

5 работи кои мора да ги имате во вашата чанта

5 работи кои мора да ги имате во вашата чанта

Поминати се повеќе од 5.000 години од првата чанта која ја носеле мажи, главно само за да ги чуваат парите во неа. Денес чантата е нешто без кое речиси ниедна жена не го напушта домот. Паричникот, клучот и личните документи се први на листата работи кои мора да ги има во секоја чанта, но што е со останатите нешта кои може да ви притребаат и едноставно мора да го имате при рака?rnrn5 работи кои мора да ги имате во вашата чантаrn

1. Чадор или кабаница

rnУтринското сонце многу често знае да претходни на попладневен дожд, но доколку во својата чанта имате мал чадор на склопување или кабаница, промената на временските услови нема да ви биде проблем.rn

2. Мала ужинка

rnАко имате многу обврски или пак постои можност да заглавите низ градскиот метеж, убаво е да си носите мала ужинка со себе која ќе ви го ублажи гладот до следниот оброк.rn

3. Влажни марамчиња

rnОна што најмалку посакуваме е дамка на облеката која не сме ја забележале, но многу често дамките може да ги отстраниме со влажни марамчиња, па затоа е добро да ги имаме во чанта.rnrn5 работи кои мора да ги имате во вашата чантаrn

4. Крема за раце

rnПостојаното миење и дезинфекција на рацете ја суши кожата и ги прави рацете рапави, а вас ве прави да се чувствувате непријатно. Затоа малечка крема за раце е секогаш добредојдена во вашата чанта.rn

5. Аналгетик

rnНапорните и стресни работни денови полни со обврски може да предизвикаат главоболка, замор или болки во коските и мускулите. Кој било аналгетик е одличен за справување со болка, па затоа е добро да го носите со себе.rnrn(3) 5-raboti-koi-mora-da-gi-imate-vo-vashata-chantarn

Автор: Катерина Каланоска