КАФЕ ПАУЗА

Кралицата Елизабета отвори конкурс за работа во Бакингемската палата

Кралицата Елизабета отвори конкурс за работа во Бакингемската палата

Ако отсекогаш сте сонувале да ја посетите Англија, да го запознаете кралското семејство и да живеете во најпознатата британска палата, ова е можноста за вас. Овие денови кралицата Елизабета е во потрага по нови станари за Бакингемската палата.rnrnКралицата Елизабета отвори конкурс за работа во Бакингемската палатаrnrnПонудата за работа се наоѓа на официјалниот веб-сајт на палатата и се бара готвач и послуга за во кујната, а платата е 22.000 евра годишно. Идниот готвач ќе може бесплатно да јаде, нема да плаќа за сместување и ќе добива по 33 дена одмор годишно. Покрај тоа, ќе работи само 5 дена во неделата.rn

Должности

rnОд готвачот се очекува секогаш да ја одржува кујната беспрекорно чиста и да ги координира другите готвачи кои мораат навреме да ја достават храната. Она што е интересно за конкурсот е тоа што не се бара работно искуство.rnrnИсто така новиот готвач треба да биде тимски играч, да биде среќен и да покажува иницијатива за соработка со колегите со цел да се создаде позитивна работна атмосфера.rnrnНа кралското семејство му е важно новиот вработен да биде горд на неговата работа и на неговите резултати и да ги почитува санитарните стандарди. Сепак, познавањето на правилата за хигиена не е толку важно колку способноста на кандидатот да работи во тим.rnrnДали знаете како изгледа животот на вистинските модерни принцези?