КАФЕ ПАУЗА

Погледнете како живеат вистинските модерни принцези

Погледнете како живеат вистинските модерни принцези

Секое девојче барем еднаш посакало да биде принцеза. Кој не би сакал живот како од бајка исполнет со прекрасни фустани, раскошни балови и згодни принцови? Сепак, спротивно од сите верувања и замисли, принцезите од реалниот свет не се ликови од бајки, туку се едноставни модерни девојки кои живеат нормално, љубат и се смеат исто како и секоја друга девојка. Единствената разлика (која не е толку мала да бидеме искрени) е тоа што тие располагаат со големо материјално богатство и наследство и редовно добиваат голем број покани за балови. Во продолжение запознајте се со вистинските принцези и погледнете каков е навистина нивниот секојдневен живот…rn

Принцезата Александра од Луксембург

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnАлександра е 24-годишна убавица и единствена ќерка на Големиот војвода Анри и Големата војвотка Марија Тереза. Таа сака да спортува, течно говори 5 јазика и има учествувано на турнирот во Вимблдон. Нејзиното име е најдолго од имињата на сите европски принцези и гласи Александра Џозефин Шарлот Мари Вилемина. Но, и покрај нејзиното кралско име, таа е дури петта во редот за наследство на престолот.rn

Лејди Амелија Виндзор од Велика Британија

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnЛејди Амелија има само 20 години, а веќе се смета за првата убавица на Англија. Таа е праправнука на кралот Џорџ Петти и помладата ќерка на Џорџ Виндзор, Грофот на Свети Ендруз. Оваа млада дама во иднина планира да стане новинарка и многу е посветена на учењето. Но, тоа не ја спречува редовно да присуствува на баловите и другите јавни настани. Лејди Виндзор е првата личност со кралска крв која се појавила на насловната страница на списанието „Tatler“. Сепак, нејзината најголема пасија е модата поради што стажирала кај Мејзон од Шанел.rn

Принцезата Луиза Марија од Белгија

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnЛуиза Марија е ќерка на принцезата Астрид од Белгија и Лоренц, надвојводата од Австрија-Есте, и има 21 година. Оваа прекрасна дама студира во Обединетото Кралство. Таа е само деветта во редот за наследство на тронот, но нејзиниот неодолив изглед и богатството на нејзините родители се виновници за фактот што е една од најпосакуваните девојки во светот со најголем број понуди за брак.rn

Принцезата Иман од Јордан

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПринцезата Иман бинт Абдула е најстарата ќерка на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија од Јордан. Таа има 20 години и моментално студира на Универзитетот во Џорџтаун, Вашингтон, САД. Нејзините родители се малку построги, па затоа таа не се појавува многу често во јавност, но понекогаш ја придружува мајка ѝ на хуманитарни настани.rn

Принцезата Шарлот од Монако

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrn29-годишната Шарлот Касираги е внука на холивудската ѕвезда Грејс Кели од која очигледно ја има наследено убавината. Принцезата има дипломирано на Универзитетот во Сорбона и има работено за добро познатото лондонско списание „Above“. Таа има син, но срцето на оваа прекрасна дама моментално е слободно. Таа е четврта во редот за наследство на престолот.rn

Принцезата Мако од Јапонија

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПринцезата Мако од Акишино е најстарата внука на Акихито, императорот на Јапонија. Таа има 24 години и со одличен просек завршила на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, а учела и во Австрија. Како ученичка таа станала вистинска Интернет ѕвезда и аниме симбол благодарение на нејзините фотографии во училишна униформа со риги.rn

Принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnМонархијата во Грција е официјално укината, но внуците и правнуците на последниот крал сѐ уште ги имаат задржано нивните титули. Семејството на принцезата живее во Англија каде Марија-Олимпија има активен социјален живот. 20-годишната убавица учи графички дизајн и историја на уметност во Њујорк, а стажира и во модната куќа на Диор. Оваа дама со кралска крв редовно објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм каде што има повеќе од 80.000 следбеници.rn

Принцезата Габриела од Австрија

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnГабриела Марија Пилар Јоланд Џозефин Шарлот е најмладото дете во големата фамилија на надвојводата Карл Кристијан и надвојвотката Мари-Астрид од Австрија. Принцезата има 22 години и таа е правнука на Чарлс Први, последниот император на Австрија. Денес не постои монархија во Австрија, но кралското семејство ги има задржано титулите.rn

Принцезата Паулин од Монако

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПаулин Грејс Магуј Дукрет е ќерка на принцезата Стефани од Монако и нејзиниот поранешен телохранител Даниел Дукрет. Таа има 22 години и е професионална ритмичка гимнастичарка и нуркач. Принцезата е голем љубител на циркусот и активно учествува на годишниот Меѓународен фестивал на циркусот. Таа е дури 14-та по ред за наследство на престолот, но не изгледа како тоа да ѝ пречи многу.rn

Принцезата Инфанта Леонор од Астурија, Шпанија

rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnРодителите на оваа мала принцеза се шпански монарси. Принцезата од Астурија е помладата ќерка на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција од Шпанија. Леонор има 12 години и таа, како и секое друго девојче на нејзина возраст, оди на училиште, но како можен наследник на престолот редовно ги придружува нејзините родители на официјални настани. Уште од сега е кристално јасно дека во иднина оваа млада дама ќе биде виновникот за голем број скршени машки срца.