КАФЕ ПАУЗА

Корисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлекол од читање лектири

Корисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлекол

Еден корисник на Редит им поставил прашање на лажговците: Која е најголемата лага со којашто сте се извлекле? Одговорите бил навистина интересни, но еден особено се истакнал.rnrnКорисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлеколrnrnКорисникот познат ако Orange_Kid споделил приказна која ни е позната на многумина. Додека бил во основно требало да прочита книга, но наместо тоа тој го изгледал филмот. Речиси секој од нас бил во ваква ситуација, бидејќи се разбира, поинтересно ни било излегувањето наместо читањето. Погледнете како овој корисник се извлекол со лагата што сме ја искористиле сите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnМислам дека не е најголемата лага, но ми е омилена.rnrnВо 7-мо одделение на часот по англиски имавме задача да одбереме кој било долг роман, да го прочитаме и потоа да го раскажеме усно и да одговараме на прашања од класот. Го одбрав „Сјаење“ (The Shining) и ако му дадев шанса ќе сфатев дека се чита лесно, но тогаш ми изгледаше како долга книга која не е забавна колку видео игрите.rnrnУчителката одвојуваше неколку минути од секој час за да ги читаме нашите книги. Како што се наближуваше крајниот рок, таа забележа дека немам прочитано многу и постојано ми велеше дека треба да читам повеќе дома. Постојано ја убедував дека читам брзо, ќе стигнам, ќе ја завршам задачата и слично.rnrnПолека се приближивме до денот пред мојата презентација – а јас немав прочитано ништо. Се разбира наместо да читам, го изнајмив филмот. Го изгледав два пати за да се осигурам.rnrnЈа завршив презентацијата и бев што е можно понејасен за дејството. Вметнав и неколку мислења за пишувањето на Стивен Кинг што ги најдов на Интернет. Без проблем одговарав на прашањата од соучениците.rnrnНо, учителката изгледаше скептична цело време. Се разбира, има многу популарен филм направен според оваа книга, а јас немав никакви шанси да ја завршам. Не е потребно да сте генијалец за да се сомневате. Знаев дека на крајот таа ќе ми поставеше прашање, па бев малку загрижен. Конечно ми го постави прашањето: Се прашував, дали може да ми кажеш за најголемите разлики помеѓу книгата и филмот.rnrnЗа момент се исплашив, а потоа се сетив и одговорив: Се извинувам, не знам… Никогаш не сум го гледал филмот.rnrn[/message_box]rnrnДали знаете кои се најчестите женски лаги?