КАФЕ ПАУЗА

Колку е лесно да се клонира вашето лице?

Колку е лесно да се клонира вашето лице?

Written by

in

Американската артистка Хедер Дуи Хагборг ја приближила уметноста многу блиску до науката, со нејзиниот експериментален проект „Stranger Visions“, во кој пресоздава човечки лица од ДНК што ја наоѓа на предмети фрлени на улиците, како што се плукната гума за џвакање, паднати влакна или отпушок од цигара.“(1) “(2)Работејќи заедно со биолошката лабораторија „Genspace“, артистката имала можност по пат на анализа на ДНК да ги открие физичкиот изглед, полот, бојата на очите, културолошките корени на луѓето. Со истражувањето спроведено во овој проект не можело да се одреди возраста на личноста од која е најдена ДНК, па артистката решила да ги конструира нејзините маски како да се лица на 25-годишни луѓе.“(3) “(4)И покрај тоа што Хедер признава дека нејзините 3Д портрети можеби не изгледаат идентично како луѓето чијашто ДНК ја користи, таа тврди дека маските дефинитивно би личеле барем на роднина на личноста.“(5) (6) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Уметничката серија презентира еден, иако застрашувачки, сепак и фасцинантен факт за тоа колку може да се открие за еден човек од неговата ДНК и колку е лесно да се дојде до неа. Секојдневно, во јавност сите ние оставаме бесконечно количество на скапоцена информација. Зарем не ве застрашува помислата дека еден ден може да влезете во некоја уметничка галерија и да го видите внатре сопственото лице?“(7) (8) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (9) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (10) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Во јуни, артистката ќе зборува за нејзиниот проект и ќе презентира дел од проектот, во Лонг Ајленд, Њујорк.rnrn

Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси
Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси

rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.