КАФЕ ПАУЗА

Колку е добар сексот за една вечер за психичкото здравје?

Колку е добар сексот за една вечер за психичкото здравје?

Повеќе од половина од луѓето ќе се впуштат во секс за една вечер во текот на нивниот живот со личност која едвај ја познаваат или со која не планираат да започнуваат врска.rnrnКолку е добар сексот за една вечер за психичкото здравје?rnrnДодека сексот во врската го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, ја намалува депресијата и го зајакнува имунитетот, ова најверојатно не важи за сексот за една вечер. Истражувањата често ги поврзуваат повремените сексуални односи со грижа на совеста, ниска самодоверба и психолошки немир, особено кај жените.rnrnДодека мажите жалат за приликата за секс што ја испуштиле, жените честопати зажалуваат бидејќи имале секс за една вечер.rnrnЕдно канадско истражување во кое учествувале 138 студентки и 62 студенти кои имале секс за една вечер покажало дека мажите најчесто зажалувале поради физички причини, како на пример поради тоа што партнерката не била доволно атрактивна. Од друга страна, жените зажалувале бидејќи подоцна чувствувале срам и вина.rnrnИстражувањата кои ги проучуваат американските студенти имаат разни дефиниции за сексот за една вечер – од секс со личност со која ја познавате помалку од 24 часа, до „пријатели со привилегии“.rnrnНекои од овие истражувања покажуваат дека и мажите и жените се чувствуваат депресивно, искористено и осамено по овие средби, а другите покажуваат дека овој секс предизвикува повеќе позитивни отколку негативни емоции.rnrnДоколку спиете со некој што го познавате помалку од 24 часа, сте испиле многу, имате чувство како да морате да спиете со него или се надевате дека таа ноќ ќе се претвори во врска се факторите кои подоцна ќе направат да се чувствувате лошо.rnrnПрофесорката по психологија, Жана Врангалова, тврди дека сексот за една вечер може да ја подобри вашата целокупна состојба така што ја зголемува самодовербата, сексуалното задоволство и прави да се чувствувате сакано.rnrnВрангалова спомнала истражување спроведено врз 20.000 студенти кое покажало дека само 42% од девојките доживеале оргазам во нивниот последен секс за една вечер, додека кај мажите дури 78% доживеале оргазам. Според неа, оваа „дупка во задоволството“ може да ги објасни разликите помеѓу тоа што го мислат мажите и жените за сексот за една вечер. Иако професорката го поддржува сексот за една вечер, таа советува да не се впуштате во него доколку сакате или имате потреба повторно да ја видите таа личност.rnrnПогледнете и кои се видовите сексуални односи за кои секоја девојка се кае.