КАФЕ ПАУЗА

Што им е заедничко на луѓето кои живеат подолги и поздрави животи?

Научниците откриле што им е заедничко на луѓето кои живеат подолги и поздрави животи

Луѓето денес живеат подолго од кога било во историјата на човештвото. Сепак, додека животниот век е продолжен, не значи дека квалитетот на животот го следи овој тренд. Но постои дел од популацијата кој научниците го нарекле „супервозрасни“.rnrnНаучниците откриле што им е заедничко на луѓето кои живеат подолги и поздрави животиrnrnОвие мажи и жени иако имаат над 80 години, сепак се когнитивно млади. Ова значи дека нивните мозочни и метални способности се имуни на дегенерацијата која повеќето од нас ја искусуваат со текот на времето. Додека другите полека се движат кон сенилност, меморијата, употребата на јазикот и когнитивните способности на овие луѓе се сосема во ред. Овој факт останува вистинит дури и кога покажуваат биолошки знаци на деменција.rnrnИстражувачите кои држеле говор на Американската асоцијација за достигнување во науката (AAAS) идентификувале одреден неврон кој можеби има влијание на здравјето на мозокот.rn

„Добро ни оди продолжувањето на животот, но здравјето не го следи ова, а она што го имаат супервозрасните е рамнотежа помеѓу двете – тие живеат долго и живеат добро“, изјавила Емили Рогалски на конференцијата.

rnПа што ги одделува овие луѓе од обичните? Посмртната анализа на мозокот на 10 супервозрасни открила дека овие луѓе имаат поголема густина на вретените неврони, познати и како вон Економи неврони за разлика од другите. Овие неврони се мозочни клетки кои во главно се наоѓаат во предниот цингуларен кортекс. Овој дел од мозокот се верува дека е клучен за сите работи поврзани со меморијата.rnrnИнтересно е што супервозрасните имале поголема концентрација на овие неврони дури и од мнозинството на возраст од 50 до 60 години, без разлика што се речиси 2 децении постари.rn

„Кога ја набљудуваме стапката на когнитивното намалување кај просечните 80-годишници, нивните мозоци се намалуваат речиси 2 и пол пати за разлика од оние на супервозрасните“, изјавила Емили.

rnСамо 5% од луѓето спаѓаат во оваа група. Овие среќници имаат неколку заеднички особини. Истражувањето покажува дека овие луѓе се поотпорни и поотимистички настроени кон животот. Исто така се екстроверти и помалку невротични за разлика од другите.rnrnТестовите на личност покажале уникатен профил нагласувајќи ги оптимизмот, отпорноста, како и активниот живот. Позитивните социјални врски, читањето и патувањето исто така им биле заеднички особини.rnrnДруго интересно откритие е тоа што овие луѓе не се „луди“ по здравиот начин на живот. Истражувањето на Емили покажало дека 71% од нив биле пушачи, додека 83% редовно уживале во пиењето.rn

„Ги прашувавме зошто мислат дека се супервозрасни, како стигнале овде и имаше неколку интересни дами кои одговорија дека причината е тоа што секој ден во 5 часот пиеле мартини со пријателите. Но, некои од нив никогаш не ни пиеле алкохол“, додала Емили.

rnПогледнете ги и овие совети за долг и среќен живот.