Повеќепати сме чуле дека феромоните имаат најголемо влијание кога станува збор за привлекување на партнерот. Според најновите истражувања, мажите би требало да почнат да го покриваат нивниот природен мирис со дезодоранс ако сакаат да им бидат привлечни на жените. Резултатите покажале дека жените ги сметаат помалку мажествените мажи за помажествени кога носат силен дезодоранс.rnrn
rnrnВо истражувањето биле вклучени 130 мажи и жени со цел да ја оценат мажественоста на ликот преку фотографии, а 239 мажи и жени требало да ја оценат мажественоста на мирисот на 40 луѓе од спротивниот пол. Тоа што го откриле сите ги изненадило.rnrnЖените се почувствителни на мириси и затоа повеќе ги забележувале разликите во мирисот на телото. Мажите, од друга страна, пак, сметале дека жените се поженствени кога носеле дезодоранс. Најголемото изненадување било тоа што мажите кои не биле оценети како мажествени врз основа на ликот, биле оценети како помажествени кога носеле дезодоранс.rnrnОттука може да се извлече јасен заклучок дека дезодорансот никако не смее да се заборави кога станува збор за љубовните состаноци.
Која е единствената работа кај мажите што ги привлекува жените?
