Помеѓу убавите портрети и уметнички дела, постојат навистина морничави слики кои им даваат на гледачите вознемирувачки поглед кон светот. Овие познати хорор слики се од малку чудни, па сè до шокантни. Дали би сакале некое од овие дела во вашиот дом?rn
1. „Герника“
rn
rnrnЕдна од најпознатите слики на Пабло Пикасо ги прикажува трагедиите од војната и страдањето што им го предизвикува на луѓето, особено на невините граѓани.rn
2. „Анатомски делови“
rn
rnrnОва е шокантно ремек-дело на францускиот сликар Теодор Жерико кој користел човечки остатоци како модели за неговите дела.rn
3. „Диомед изеден од неговите коњи“
rn
rnrnОваа слика направена со водени бои е дело на францускиот сликар Густав Моро и го прикажува драматичниот крај на осмиот подвиг на Херкул. Херкул добил наредба да ги фати месојадите коњи на кралот Диомед. Херкул го убил Диомед во битка, а неговото тело им го дал на коњите како храна.rn
4. „Влошување на умот над материјата“
rn
rnrnОваа слика од 1873-та година е дело на Австриецот Ото Рап. На сликата е прикажано распаѓање на човечки череп над кафез за птици, во кој се наоѓа безживотното физичко битие на човекот.rn
5. „Данте и Вергилиј во пеколот“
rn
rnrnСликата е инспирирана од кратка сцена од „Пеколот“ (Inferno) на Данте во која Данте и Вергилиј гледаат борба помеѓу две проколнати души. Сликата е дело на В. А. Бугро.rn
6. Неименувана слика
rn
rnrnОваа маслена слика од полскиот сликар Здислав Бексински нема име. Познато е дека е направена во 1984-та година, период кога главните теми на уметникот биле утописки реализам, надреална архитектура и сценарија од судниот ден.rn
7. „Црнец обесен жив“
rn
rnrnОваа ужасна слика на Вилијам Блејк прикажува роб кој е закачен со кука која му ги прободува ребрата. Делото е направено според вистински настан на кој сведочел германскиот војник Ј. Г. Стедман.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
