КАФЕ ПАУЗА

Кои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?

Кои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?

Кога ќе се соочите со (непознат) инсект, најверојатно првото прашање ви е дали може да ве касне. Добро е да знаете дали треба да се држите понастрана од некој инсект, но не сите нивни убоди се исти.rnrnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnНекои убоди нема ни да ги почувствувате, други може да предизвикаат блага болка, па чешање, а некои можат да предизвикаат навистина силна болка што сигурно ќе ве исплаши.rnrnМногу од она што го знаеме за неудобноста од убодите на инсектите е благодарение на ентомологот Џастин О. Шмит. Џастин е директор на Југозападниот биолошки институт во Аризона и автор на книгата „Убодот на дивината“ (The Sting of the Wild). Во книгата се рангирани убодите од разните инсекти. Скалата на болка од убод од инсект на Џастин е поделена на нивоа – од 1 до 4+, каде што 1 е најслаба болка, а 4+ е најужасна. Погледнете кои инсекти предизвикуваат најмногу болка.rn

1. Антофоридна пчела (Neolarra vigilans)

rnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnЏастин ја категоризирал болката од убодот на овој вид пчели на прво ниво. Ја опишал како „речиси пријатна“. За среќа, секој може да го издржи ова ниво на болка.rn

2. Западна медена пчела (Apis mellifera)

rnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnГолема е веројатноста да сте биле каснати од овој вид пчели. Убодот предизвикува печење, но сепак е издржливо. Чувството е како до кожата да ви се доближило запалено чкорче кое потоа е загаснато со сулфурна киселина.rn

3. Мравка жетвар (Pogonomyrmex spp.)

rnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnОтровот на мравките жетвари е навистина моќен – 40 пати посилен од ѕвечарката, но во една мравка има многу малку. Болката од овие инсекти е помеѓу 3 и 4, навистина е силна и трае долго. Убодот од 12 вакви мравки може да убие стаорец од 2 килограми.rnrnЏастин открил дека хемијата на отровот на овие инсекти е многу поразлична од другите, па нивниот убод ќе биде придружен со уникатни симптоми, како на пример, потење.rn

4. Оса тарантула (Pepsis spp.)

rnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnАко сте доволно несреќни да налетате на овој инсект, Џастин препорачал само да легнете и да викате. Болката од нивниот убод е толку силна што постои ризик жртвата дополнително да се повреди обидувајќи се да ја спречи.rn

4+. Мравка куршум (Paraponera clavata)

rnКои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?rnrnВооружена со најболниот убод од сите инсекти, отровот на овие мравки содржи уникатен пептид кој е толку моќен што само еден убод може да убие верверица со средна големина. Овие мравки живеат во Јужна Африка и понекогаш се дел од ритуалите за иницирање нови воини во амазонските племиња. Болката е чиста и интензивна и е вистинско мачење.rnrnДознајте и како да ги препознаете најчестите убоди од инсекти.