10-те најдобри држави за соло патување

Сподели

Многу е лесно да се најде изговор за да не патувате сами, како на пример, непознатото, осаменоста, непознавањето јазици… Сите овие грижи спречиле многу луѓе да го искусат соло патувањето, но можеби е време вие да го направите тој чекор. Ако ви е потребна мотивација сте дошле на вистинското место. Погледнете ја оваа „тура“ низ државите кои се најдобри за самостојните патници.rn

Реклама

1. Шкотска

rnОвде има многу млади луѓе и сите се пријателски настроени. Јавниот превоз е одличен и го олеснува движењето наоколу. Во Шкотска можете да најдете огромен број хостели.rn

2. Словачка

rnКако и во Шкотска, и овде јавниот превоз е одличен и има толку многу работи за правење. Најпозната атракција за луѓето кои патуваат сами се Високите Татри – планински предел кој е полн со пријателски „скитачи“.rn

3. Ирска

rnИрска е полна со хотели што нудат само преспивање и појадок, па многу е лесно да се сместите удобно. Луѓето се познати по нивното гостопримството и обично се многу фини со патниците. Ирска исто така има многу фестивали, па постојано ќе имате што да правите.rn

4. Шпанија

rnВо Шпанија има многу различни градови кои треба да ги посетите. Можеби ќе биде заморно доколку сте сами, но со добро испланиран распоред ќе си поминете незаборавно.rn

5. Белгија

rnБелгија е одлична дестинација ако сте љубители на пивото. Но ако пиете премногу може само да си создадете проблеми. Подобро најдете неколку пријатели пред да се опуштите.

Преминете на следната страница за останатите 5 дестинации…rn<!—nextpage–>rn

6. Австрија

rnАко не сте знаеле, овде можете да пливате во базен полн со пиво! Но имајте на ум дека посетителите зборуваат неколку различни јазици и веројатно ќе треба многу да пешачите. Но сепак, за пивото вреди сѐ!rn

7. Австралија

rnКонечно излеговме од Европа. Тука најверојатно ќе сретнете многу луѓе со кои ќе се дружите, а исто така Австралија е и континент, па имате толку многу работи за правење.rn

8. Германија

rnХраната во Германија е одлична, има пиво во изобилство, а јавниот превоз е совршен. Тешко е да се замисли дека едно патување може да биде подобро од ова.rn

9. Финска

rnМожеби Финска никогаш не се наоѓала на вашата листа, но сега ќе ви биде тешко да ја заборавите. Топли сауни, неверојатна архитектура, кафулиња на отворено и прекрасни фестивали. Има ли нешто што не сакате?rn

10. Холандија

rnГраѓаните ја сакаат природата, сакаат да возат велосипеди, а марихуаната и сексот се слават. Звучи како авантура која чека да се случи!

Прочитајте ги и овие креативни идеи за патувања во зависност од вашата возраст!

Популарно

Може ќе ве интересира