КАФЕ ПАУЗА

Кое хоби го делат најуспешните луѓе?

Неретко го поминуваме времето читајќи за успехот и истражувајќи на теми како најуспешните луѓе во светот го живеат својот живот – од нивните утрински навики, до ноќните рутини. Но, која е главната карактеристика која навистина ги издвојува од другите како успешни поединци и им е суштински заедничка?rnrnКое хоби го делат најуспешните луѓе?rnrnНајуспешните луѓе во светот читаат, и тоа читаат многу. Почнувајќи од Ворен Бафет, преку Марк Закерберг, па сѐ до Бил Гејтс, успешните луѓе се повеќе од обични читатели и велат дека 80% од денот го поминуваат читајќи најразлични пишани творби. Освен тоа што читањето помага во подобрување на меморијата, правилното распознавање на зборовите и зголемувањето на изразните способности, тоа исто така ќе ве релаксира и ќе ви помогне да се опуштите, што ќе му овозможи на вашиот мозок ментално да се одмори.rnrnТокму за време на тој ментален одмор се јавуваат оние класични идеи за кои се вели дека ќе светне ламбичката. Се разбира, важна е и содржината која ја читате. Најуспешните луѓе ретко кога читаат белетристика, а најчесто читаат едукативни книги и публикации, како и биографии на луѓе чии животи ги инспирираат и мотивираат за понатамошен личен напредок. Па, не чекајте и одлучете се за некоја интересна книга уште денес. Така, ќе бидете на чекор поблиску до успехот.rn