Контурирањето на лицето во моментов е една од најпопуларните техники на шминкање, но за да се направи потполно правилно и да изгледа така како што треба, мора да се земат во обѕир некои детали, како што е на пример тенот или обликот на лицето. Затоа, доколку имате изразено блед тен, користете пудра, крема или молив во боја на шампањ и истата боја со примеси на розови тонови, додека личностите со маслинест или потемен тен треба да користат златни, односно тонови на боја на ќерамида. Сега погледнете како да го контурирате лицето според неговиот облик.
rn
1. Лице со облик на дијамант
rnДоколку имате лице со облик на дијамант треба да го контурирате во пределот на јаболчниците. Започнете од ушите и нанесувајте ја шминката до средина на јаболчниците. Хајлајтерот нанесете го под очите, во облик на превртен триаголник сè до пределот на веѓите, но и на средината на челото и брадата, за да ги пополните недостатоците на овие подрачја.
rn

