Годинава било спроведено едно интересно истражување од страна на женската популација со цел да се дознае какви сопружниците се мажите од различни земји во светот. Резултатите покажале дека државата во која живеат има големо влијание на нивните брачни навики и на нивното однесување кон сопругата. Прочитајте ги следниве податоци и дознајте во која земја треба да го побарате вашиот иден сопруг…rnrn
rn
Финска
rnЖените во Финска се многу еманципирани и мажите ги доживуваат како рамноправни. Платите се заеднички како и домашните обврски. Иако Финците не се слаткоречиви романтичари и заводници, кога случајно ќе им „излета“ нешто убаво (а тоа се случува еднаш годишно), жените знаат дека тие тоа навистина го мислат.rn
Шведска
rnШвеѓаните се најлибералните мажи на целиот свет. Тие со задоволство им подготвуваат ручек на жените кои напорно работат и земаат породилно отсуство кога стануваат татковци. Немаат потреба постојано да ја докажуваат нивната машкост. Тие им дозволуваат на жените да ги донесуваат важните одлуки во бракот. Ако нивната девојка имала многу сексуални партнери, нема да имаат никакви предрасуди.rn
Бразил
rnНемојте да се изненадите ако видите Бразилец како чита машко списание заедно со неговата девојка! Мажите од Бразил не сакаат да прават компромиси во врската, но ги почитуваат одлуките на нивните партнерки. Воопшто не се конзервативни.rn
Холандија
rnХоланѓаните се подготвени да направат сѐ за да ужива нивната девојка. Тие ќе се потрудат да ѝ овозможат на жената оргазам и да ѝ помогнат околу домашните обврски. Сите Холанѓани, дури и оние најмладите, знаат да перат, да готват, да пеглаат и да менуваат пелени.rn
Грција
rnГрците се многу добри љубовници. Тие сакаат да ја задоволат нивната девојка и постојано работат на тоа. Искрени се кон партнерките и никогаш не чуваат тајни од нив.rn
Шпанија
rnШпанците постојано флертуваат со нивните девојки, па дури и со други девојки, но тоа е сосема друга приказна. Тие најмногу од сѐ го сакаат своето семејство и пријатели. Тие секогаш ги забележуваат промените во изгледот кај девојките, така што можете да бидете сигурни дека вашата нова фризура ќе биде пофалена.rnrn
rn
Кина
rnКинезите помагаат во чистењето и готвењето. Тие се многу сериозни кога се работи за љубовните врски, понекогаш дури и конзервативни. Сакаат да разговараат и да прават планови за иднината. Се чувствуваат многу одговорни за нивните девојки.rn
Аргентина
rnВо Аргентина има многу доселеници од Италија, Шпанија, Германија, Русија, Франција, Сирија… Благодарение на сите тие националности, се добива совршен маж со сите посакувани карактеристики. Аргентинците љубат како Италијанците, зборуваат шпански, обожаваат пиво, елегантни се, посесивни, романтични и љубоморни. Знаат што сакаат да чујат нивните девојки и им ги даваат најубавите комплименти гледајќи ги право во очи. Мислат дека се најдобри и така и се однесуваат. Дали лажат? По малку. Но, дали се секси? И тоа како!rn
Израел
rnНајдобрата работа кај Израелците е тоа што се џентлмени и секогаш ги честат девојките на првиот состанок, но разбираат дека и тие се независни, па им дозволуваат да платат на третиот состанок. За жал, Израелците се многу влакнести, но се доволно внимателни за да одат на депилација. Многу се отворени и веднаш ги искажуваат нивните чувства.rn
Унгарија
rnУнгарците се многу интелигентни и токму со тоа оружје ги освојуваат девојките. Со нив секогаш ќе разговарате за нешто интересно. Ако сакате да ги импресионирате, згответе им нешто вкусно, а тие ќе ве изненадат со нивниот одличен избор на вино.rn
Латинска Америка
rnЛатиноамериканците многу се грижат за нивниот изглед, па затоа вежбаат за да останат во форма, сакаат да се облекуваат и да мирисаат убаво. Кога станува збор за сексот, многу се интензивни, сакаат да ја задоволат нивната девојка на секој можен начин. Тие се познати како добри танчари, имаат чувство за ритам, а таа вештина ја користат и во креветот. Обожаваат уметност, концерти, изложби, кино и театар. Имаат одлична смисла за хумор. Тие се речиси совршени.