Дали некој може да открие каква личност сте доколку ги погледне вашите потрошени сметки? Одговорот на ова прашање е да!rnrn
rnrnСпоред едно ново истражување објавено во списанието Психолошка наука, истражувачите анализирале над 2 милиони податоци, кои вклучувале повеќе од 2.000 луѓе со цел да откријат дали одреден тип личности трошат пари на одредени работи. Социјалните истражувачи на секој учесник му направиле тест за личност и ги прегледале сите сметки за што им требало неколку недели. Тие откриле дека сите трошат пари на материјални работи како храна и домашни работи, но сето тоа било нормална потрошувачка која ги претставувала нашите приоритети.rn
„Сега кога поголемиот дел од луѓето трошат пари по електронски пат со кредитни картички, можеме полесно да ги изучиме овие обрасци“, изјавил Џо Гладстон, професор по потрошувачко однесување на универзитетскиот колеџ Лондон, и еден од главните истражувачи. „Нашите сметки за прв пат можат да го одредат карактерот на личноста според нејзината потрошувачка“.
rnСпоред резултатите, луѓето можат да се поделат во 5 категории. Дознајте нешто повеќе за оваа поделба како и што кажува тоа за карактерот.rnrnПатувања: Личностите кои трошат најмногу пари на патувања се поотворени за нови искуства.rnrnПиење и излегување на вечера: Обично ова се социјални искуства, па затоа личностите што преферираат вака да го трошат поголемиот дел од парите се екстроверти.rnrnИнвестирање во заштеди: Дали поголемиот дел од парите ги ставате во заштедата? Ако е така, тогаш вие сте внимателна и одговорна личност според ова истражување. Одговорните и внимателни личности не покажале некое големо потрошувачко однесување освен за најосновните работи.rnrnДобротворни и невладини организации: Донирањето често се поврзува со пријатна, љубезна и лежерна личност. Овде нема никакво изненадување.rnrnНепотребни работи: Оние кои трошат многу пари на облека или накит, големи се шансите да бидат невротични, ова се однесува на луѓе кои имаат тенденција да искусат анксиозност, негативни чувства и осаменост.rnrnИстражувачите исто така забележале дека луѓето кои се оцениле самите дека имаат самоконтрола, навистина трошеле помалку на провизии, додека невротичните луѓе трошеле помалку на кредити, бидејќи најверојатно овие луѓе мислат на краткорочен план. Овие резултати биле исти кај сите личности без разлика на годините и примањата.rnrnДоколку не ви се допаднаа резултати што вашата потрошувачка ги открива за вас, не паничете, земете воздух и приземјете се. Овие истражувања посочуваат дека е важно да се размислува внимателно за тоа како потрошувачката се одразува на вредностите. На пример, доколку ги цените патувањата, но парите ги трошите на материјални работи, можеби треба да размислите кои се вашите приоритети и правилно да го насочите вашето трошење.rnrnЗа да ја насочите вашата потрошувачка кон работи кои ви значат, потребно е да направите план, и да одвоите време за да се фокусирате на финансиите. Можете да разговарате со вашите пријатели за пари или да ги запишете некаде вашите цели, за да можете полесно да ги остварите.rnrnДоколку забележите дека сè уште ги трошите парите на непотребни работи, поставете рутина на која ќе можете секогаш да се навраќате кога ќе скршнете од вашите цели. Мора да дознаете кој начин ви одговара најмногу, бидејќи лутањето наоколу може да доведе до откажување. Кога ќе имате цврста основа, точно ќе знаете што треба да направите за да се вратите на вистинскиот пат.rnrnСе пронајдовте кај патувачите? Прочитајте ги и овие 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување.