Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Сподели

Во зависност од тоа каде живеат, луѓето во различни земји се поздравуваат на различни начини. Тие рутински навики ја покажуваат нивната почит кон другите, па доколку останувате подолго време на одредено место, ќе треба да ги научите нивните форми на поздравување. Погледнете ги овие 14 ритуали ширум светот кои доста се разликуваат помеѓу себе.rn

Реклама

Филипини

rnФилипинците изведуваат прекрасен гест наречен „Мано“, со цел да покажат почит кон постарите. Тие ја земаат нивната рака и со нежно движење го притискаат своето чело на неа.rn

Јапонија

rnЈапонците се поздравуваат со поклонување. Траењето и степенот на наведнување може да варира во зависност од ситуацијата.rn

Индија

rnЛуѓето во Индија го изговараат зборот „Намасте“ (што во буквален превод значи ти се поклонувам) додека ги ставаат своите раце до градите со дланките притиснати заедно и прстите свртени нагоре.rn

Тајланд

rnСлично како и навиката кај Индијците, поздравот на луѓето во Тајланд е наречен „Уаи“ и тие прават потези како да се молат, а притоа и малку се поклонуваат.rn

Франција

rnВо Франција луѓето кога ќе се сретнат обично се бакнуваат еден со друг.rn

Нов Зеланд

rnЛуѓето во Нов Зеланд се поздравуваат со традиционалниот гест „Хонги“, кој подразбира притискање на носот и челото заедно.rn

Боцвана

rnВо Боцвана, за да поздравите некого треба да следите серија едноставни потези. Подадете ја десната рака додека левата ја ставате на вашиот десен лакот. Спојте ги рацете со другата личност користејќи го прво палецот, а потоа и вашата дланка, па вратете се во оригиналната позиција.

За да видите уште интересни поздрави кои се користат ширум светот, преминете на наредната страница.rn

Популарно

Може ќе ве интересира