На сите ни е добро познато дека одморот на место со свеж воздух ни го подобрува расположението и ни помага да си ја вратиме смислата на нашето постоење. Но, изгледа дека постојат и многу други придобивки кои можеме да ги добиеме од одморот. Од неодамна научниците открија дека времето поминато во релаксација надвор во природа физички го менува мозокот на подобро.rnrn
rnrnА која е причината за тоа? Одморот поминат во природа, како и патувањето на далечни, ненаселени и диви места, не само што го збогатува човекот со нови импресии, туку и му помага да престане да размислува. Според експертите, најдобриот начин да се справите со лошото расположение е да го исклучите вашиот мозок. Интересното е што кога ќе успееме да го направиме тоа, нашите мозоци буквално можат да се трансформираат.rnrnОваа теорија била потврдена кога група научници спровеле тестови на одреден број луѓе кои отишле на прошетка во шума час и половина. Кај секој учесник во овој експеримент била забележена значајно намалена активност на предниот голем мозок, односно оној предел од мозокот кој е одговорен за психолошките болести. Замислете си само што би можело да се случи доколку еден човек помине не само час и половина во шума, туку неколку дена или повеќе.rnrnНаучниците исто така дознале како промените во мозокот можат да влијаат на нашиот секојдневен живот. Тие побарале од група на волонтери да поминат неколку дена надвор од градот и да ги исклучат сите електрични уреди. Тие последователно правеле тестови за нивната креативност и извршувале некои комплицирани задачи. Резултатите покажале дека нивото на нивното креативно размислување било зголемено за 50%.rnrnСпоред тоа, за да имате добро здравје, долг живот, хармонични меѓучовечки односи и вистинска, автентична среќа, треба одвреме-навреме да оставите сѐ, да се спакувате и да отидете на некое мирно и прекрасно место. Зошто да не го направите тоа следниов викенд?
Како патувањето влијае на човечкиот мозок?
