КАФЕ ПАУЗА

Како дома да направите природен и здрав шампон?

Како дома да направите природен и здрав шампон

Доколку сте загрижени поради опасните хемикалии во козметичките производи, тогаш зошто да не направите некој од нив дома? Помеѓу најопасните артикли за лична хигиена се шампоните, бидејќи поголемиот дел од нив содржат канцерогени супстанци, па затоа повеќето лекари предупредуваат за нивното негативно дејство.rnrnКако дома да направите природен и здрав шампон rnrnНа многу едноставен и природен начин можете да направите здрав шампон за вашата коса, кој ќе биде подеднакво ефикасен колку и купечкиот.rnrnВо сад за готвење ставете 250 мл дестилирана вода и оставете ја на оган додека не почне да врие. Потоа во водата додадете две лажици сушена камилица. Доколку немате сушена камилица можете да ставите 3-6 кесички чај од камилица. Покрај камилица можете да користите и чај од коприва, нане или жалфија.rnrnОткако водата та ќе се обои, исцедете го чајот и вратете го во садот за готвење. Потоа додадете две лажици природен сапун, кој можете да го најдете во сите продавници каде што се продава природна козметика. Убаво измешајте за смесата да се соедини, па додадете една лажица билно масло (најдобро да употребите ладно цедено маслиново масло) и повторно измешајте. На крајот додадете 10 до 15 капки есенцијално масло по избор.rnrnШампонот кој го добивте чувајте го во сад кој може херметички да се затвора или во амбалажа од некој купечки шампон.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.