Една од најпопуларните програми, особено во фирмите и образовните институции е Microsoft Word. Ако често се применува и во вашата канцеларија, разубавете го работниот ден и направете мала шега на сметка на колегите, со тоа што малку ќе им ги изместите опциите во оваа апликација. Услов е да имате пристап до компјутерот на оној со кој сакате да се пошегувате, а исто така, морате да знаете и како да ги вратите поставките во првобитната состојба…rnrn
rn
1. Обојте го текстот во бело
rnНаједноставниот трик со кој ќе го збуните вашиот колега е да ја смените бојата на фонтот во бела. На овој начин буквите нема да се читаат на мониторот. Ако вашиот колега работи на нов документ, најпрво зачувајте резервна копија од него, па потоа променете ја бојата. Тоа ќе го сторите ако кликнете на делот за менување на фонтот (Font), па ја селектирате белата боја и на крајот изберете Set as Default.rnrnОва за кусо ќе го избезуми вашиот колега, бидејќи што и да пишува, документот ќе изгледа празен. Буквите воопшто нема да се забележуваат. Кога ќе завршите со шегата, повторете ја истата процедура, но овој пат, вратете ја црната боја. 🙂 За да го изведете ова побрзо и полесно, следете ги нашите упатства на фотографиите.rnrn
rn
2. Автоматско менување на зборовите во текот на пишувањето
rnДруга шега која можете да ја направите во Word е преку прилагодување на опцијата AutoCorrect. Познато ви е дека програмата може автоматски да ги менува зборовите во нивната правилна форма, па затоа ако често грешите еден ист збор, таа може да игра улога на ваш личен коректор при пишувањето.rnrnНа овој начин можете да направите и одреден збор да се претвора во сосема друг. Идеално за шега, нели? Тоа ќе го сторите доколку одите во File –> Options –> Proofing –> AutoCorrect Options.rnrn
rnrnВо AutoCorrect напишете го зборот кој сакате да се претвори во некој друг. За да ви успее шегата, тоа треба да биде најчесто применуваниот збор од страна на вашиот колега. Кога конечно ќе го изберете и напишете, кликнете Add, па OK.rnrnВо нашиот пример, секој пат кога колегата ќе испише „Соопштение“ и ќе стисне SPACE, зборот ќе се претвори во „Јас сум магаре!“. :)rnrn
rnrnКога шегата ќе биде готова и ќе сакате да вратите сè по старо, повторно одете во прилагодувањата, пронајдете го зборот кој сте го замениле и кликнете на Delete.rnrn
rnrnПредупредување: Немојте да избирате збор кој вашиот колега би го пишувал во иднина, бидејќи можно е да заборавите на промената која сте ја направиле и да предизвикате сериозни проблеми.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
