Доколку ги следите модните трендови, тогаш сигурно знаете дека блузите и фустаните со голи рамена се задолжително парче облека за ова лето. Без разлика за кој модел ќе се одлучите, бидете сигурни дека тоа совршено ќе ви одговара. Сепак, доколку не можете да го пронајдете идеалното парче за вас, ние имаме супер, лесно решение. Всушност, денес со вас споделуваме една идеја со која од старата, досадна блуза ќе можете да го направите ова тренди парче за само 10 минути. Бидете креативни и покажете ги вашите рамена со стил.rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- Стара блуза
- Метро
- Игли
- Ножици
- Машина за шиење
- Кројачка креда или молив
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Начин на изработка:
rn1. Облечете ја блузата и обележете го делот кој подоцна ќе го исечете, но само од едната страна. Сечете по линијата која претходно сте ја нацртале, зафаќајќи ги и предната и задната страна. Потоа, на страната која што ја исековте, со помош на метрото измерете го делот помеѓу јаката и исечениот дел, но и од крајот на ракавот и исечениот дел.rnrn
rnrn2. Овие мери обележете ги на другиот ракав, но обележете го и исечокот, а тоа најдобро ќе го направите така што ќе го преклопите првиот ракав врз вториот. Потоа, повторно исечете по одбележаниот дел.rnrn
rnrn3. Свртете ја блузата наопаку и со помош на иглите обележете го работ по страните на исечениот дел. Потоа, многу внимателно и полека, со помош на машината за шиење, зашијте го работ, со тоа што ќе се обидете да ја следите обележаната линија.rnrn
rnrn4. Истото повторете го и со вториот ракав. На крај, свртете ја блузата на вистинската страна и ќе видите дека работата е завршена.rnrn
rnrnВашата блуза е готова, а вие сигурно не можете да дочекате да ја комбинирате на различни начини и со различни парчиња облека. Наш предлог е да заврзете свилена марама околу вратот, која ќе допринесе за летниот дух, а како долен дел можете да избирате помеѓу бермуди, пантолони, фармерки, здолниште… Изборот е навистина голем, бидејќи сè одговара со ова шик модно парче.rnrn