Убавите спомени сакаме вечно да ги паметиме, а за таа цел е потребно и да ги негуваме. Едноставен, а убав начин да го сторите тоа, е да ѝ дадете антички изглед на некоја вашата постара фотографија или да ја украсите со предмети кои ве потсетуваат на тие времиња.rnrn
rnrnЗа реализација на оваа идеја, потребна ви е црно-бела фотографија, тегла полна со маслиново масло и неколку исушени цвеќиња или гранчиња. Фотографијата внатре ќе изгледа прекрасно!rnrn
rnrnДоколку пак сакате фотографијата да ја поврзете со спомени од некое убаво патување или летен одмор, во теглата ставете песок, школки, шишарки, приврзоци, украси…rnrn
rnrnБез да вложувате воопшто труд, можете да побарате малечка тегла или шише со широк отвор низ вашиот дом, кои ќе имаат улога на кул рамка за фотографиите од вашите сакани.rnrn
rnrnОва е прекрасен начин да се сочува некоја убава меморија, нели!? 🙂
Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?
