КАФЕ ПАУЗА

8 значајни делови од телото за кои веројатно не сте знаеле ништо

Човечкото тело е цел универзум со свои закони и мистерии, многу од кои сè уште чекаат да бидат откриени. Погледнете некои од виталните делови на нашето тело на кои многу често не им обрнуваме внимание.rn

1. Анатомска „табакера“

rnrnrnАко малку го истегнете палецот, ќе забележите мала триаголна вдлабнатина веднаш под него. Овој дел е наречен анатомска „табакера“ – во минатото луѓето го користеле овој дел за шмукање тутун. На ова место исто така можете да ја почувствувате радијалната артерија, дури и кога пулсот е многу слаб. Артеријата во овој дел е заштитена само со кожа и сврзно ткиво.rn

2. Палецот на ногата

rn(2)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnСекој од нас знае каде се наоѓа, но малкумина имаат размислувано за тоа дека овој дел од телото има голема функција. Поради формата на палецот, ние можеме да држиме рамнотежа додека стоиме, а ова е најголемата разлика помеѓу човекот и другите цицачи.rn

3. Просторот меѓу веѓите (галабела)

rn(3)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnОвде станува збор за малиот дел кој се наоѓа точно помеѓу вашите веѓи. Овој дел од телото е важен бидејќи ви помага лесно да ги проверите вашите рефлекси во секое време. Со прстот нежно тапкајте на овој дел. Ако рефлексите ви се во ред, ќе почувствувате блага тензија во очите и ќе посакате да трепнете.rn

4. Френум на јазикот

rn(4)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnОвој мал свијок под вашиот јазик има важна функција: го фиксира јазикот во устата и ја намалува неговата флексибилност. Ова го спречува спонтаното голтање на јазикот. Овој дел особено е важен кај малите деца кои сè уште не можат да го контролираат нивното тело.rn

5. Трагис и антитрагис

rn(5)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnЧуден факт: Имињата на овие испакнатини на увото потекнуваат од латинскиот збор „tragos“ кој значи коза.rnrnТрагисот ни помага да ги слушаме звуците кои доаѓаат од зад нас, зголемувајќи ја нивната јачина и одредувајќи го нивниот извор. Антитрагисот го прави истото, но за звуците кои доаѓаат од напред.rn

6. Крајници

rn(6)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnМногу луѓе имале операција за отстранување на крајниците. Поради ова, постои мислење дека крајниците се непотребен орган. Но, ова не е вистина. Крајниците се првото нешто што нè штити од бактерии и вируси. Кога тие ќе се воспалат и ќе се отстранат, телото сепак има и други одбранбени механизми, но во секој случај, побезбедно е со крајници.rn

7. Кутикули на ноктите

rn(7)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnСекој кој бил на козметичар за маникир, го има слушнато зборот кутикули. Ова е малиот дел кожа кој се наоѓа на границата помеѓу нокотот и прстот. Луѓето многу често ги отстрануваат кутикулите за да го подобрат изгледот на дланките, но ризикуваат многу. Функцијата на кутикулите е важна, тие ги заштитуваат дланките од штетните бактерии и се навистина потребни ако живеете во голем град. Ако некоја бактерија навлезе во раната направена од отстранувањето на кутикулите, миењето раце нема да биде од помош.rn

8. Филтрум

rn(8)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mkrnrnМногу научници се согласуваат дека филтрумот се развил кај луѓето уште во праисторијата и неговата улога била засилување на мирисите. Денес немаме потреба од толку силно сетило за мирис, но филтрумот си останал за да нè потсетува на нашите корени. Покрај тоа, лекарите може да ја одредат здравствената состојба на бебе кое е сè уште во матката благодарение на формата на неговиот филтрум. Ако овој дел од телото има неправилна форма, тоа може да биде знак за аутизам или други заболувања.rnrnПрочитајте ги и овие шокантни факти за човечкото тело.