Како да ги препознаете луѓето со црна аура: Најтоксичните луѓе на Земјата!

Сподели

Секоја аура може да биде затемнета од некоја сенка и може да ја промени нијансата од посветла во потемна. Колку е потемна бојата, толку аурата е во полоша состојба.

Аурата не одредува кои сме, туку одговара на прашањето „какви сме?“, или „колку сме духовно развиени?“.

Реклама

Секој има своја аура со одредена нијанса и како што се развива, така се развива и неговата аура. Секоја промена во нашата свест, енергијата, емоциите, дејствата и воопшто, животот, има влијание врз нашата аура.rn

Но, кои се луѓето што имаат мрачна, црна аура?

rnЦрната аура е често погрешно сфатена како нешто сосема негативно што треба да нè плаши, но нема причина да се плашиме. Црната аура е различна од другите аури, но со себе носи и одредени придобивки.

Реклама

Не можеме да негираме дека црната аура има негативни карактеристики. Луѓето со црна аура се „енергетски вампири“ затоа што цицаат енергија од различни извори, наместо да ја шират и чувствуваат својата енергија. Ваквата нерамнотежа на енергијата носи лоши последици за нив и за нивното опкружување.

Со секојдневното соочување со стресни ситуации, лоши вести и негативна енергија, нашата аура станува валкана и потемнува ако не ја рефлектираме и негуваме.rn

Како настанува темната аура?

rnЦрната аура најчесто настанува со непочитување на сопственото битие, самокритикување и понижување на самиот себе. Тогаш, негативноста започнува да ги опфаќа телото и душата и се создава црна аура.rn

Како да се ослободите од неа?

rnОслободувањето од темната аура не е лесно и не се случува преку ноќ. Потребно ви е духовно прочистување за да ја освежите аурата и да ја претворите во светла, позитивна енергија. Сепак е можно да ја претворите темната аура во убава светла аура, ако дадете сè од себе и ја просветлите вашата душа и енергија.

Најдобар начин да го направите тоа е преку медитација или молитва. Ова се моментите кога имаме можност да ја почувствуваме и сфатиме нашата душа. Треба само да се разбереме и  прифатиме себеси и нашето битие и полека да почнеме да се сакаме искрено.

Можеби сакате да дознаете и како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?

Најново

Може ќе ве интересира