Ах утра… првото нешто на кое кафехоличарите помислуваат наутро е нивната дневна доза кафе. Не можат да функционираат без таа магична напивка која им дава енергија и е всушност причината поради која можат нормално да го протуркаат денот. Кафето е слатко, средно или горко – секакво какво што сакате. А ова се причините зошто тоа е најдобриот пијалак на светов. Секако, без навреда до љубителите на чај.rnrn
rn
1. Денот не смее да започне без кафе
rnПиете кафе по пат додека земате кафе. А последниот пат кога разговаравте со ваш колега без да се напиете кафе направивте ужасни грешки. Дури спомнавте имиња кои никако не смееја да бидат спомнати.rnrn
rn
2. Можете цела ноќ да се забавувате
rnБез да ви се приспие. А кафето, следното утро повторно ќе биде тука за да ги олесни работите. За секоја ноќ помината со премногу алкохол, доаѓа утро со еднаква количина кафе.rnrn
rn
3. Не морате цел семестар да го поминете во учење
rnБлагодарение на оваа магична напивка, можете да научите сѐ во рок од 24 часа. Па кој воопшто има време да учи цела година?!rnrn
rn
4. Не чувствувате замор после долг лет
rnДодека сите одат да си ги земат куферите, вие само што ќе стапнете назад на земја барате кафе.rnrn
rn
5. Немате проблеми со тврда столица
rnЗатоа што не пиете безкофеинско кафе. Тие што го пијат – нека му ја мислат.rnrn
rn
6. Кафето ви дава енергија да ги направите работите што ве мрзи да ги правите
rnДа вратите на сите имејлови, да ги измиете чиниите и да смислите решенија на сите проблеми.rnrn
rn
7. Поради кафето секое утро вие сте среќни што сте живи
rnНема потреба да читате книги за самопомош и позитивно размислување, кога можете да се напиете нешто што веднаш ќе ви го забрза срцето и ќе ве исполни со енергија.rnrn
rn
8. Па дури и кога губите време на глупости вие сте продуктивни
rnНема подобро време за средување на плакарот од тоа кога треба да учите. Кога ќе сакате да учите, тогаш го планирате средувањето на плакарот. А ваквите стратегии ќе ве направат успешна личност. Која пие многу кафе, се разбира.rnrn