Додека растевте, сигурно сте имале можност да сретнете луѓе во вашето непосредно опкружување што зборуваат на различен јазик од вашиот. Можеби тие биле претставници на еден или повеќе различни етникуми. Но, доколку сте ја посетиле светската престолнина на јазиците, тогаш постојано сте биле опкружени со стотици јазици…rnrn
rnrnСпоред Алијансата за загрозени јазици (Endangered Language Alliance, ELA) во една област во Соединетите Американски Држави се зборуваат најмногу јазици од кое било друго место во светот. Во Њујорк се користат повеќе од 800 јазици, а само во округот Квинс се присутни околу 138 јазици.rnrnОкругот Квинс се протега на површина од 280 километри квадратни и е дом на многу култури и јазици. Зошто се среќаваат толку многу јазици на едно место? За овој факт пред сè e одговорен Њујорк затоа што најчесто овој град е првата станица за многумина доселеници кои го бараат својот нов дом во Америка.rnrnКои јазици може да ги слушнете овде? Еве само еден мал дел: англиски, германски, српски, хрватски, грчки, шпански, руски, литвански, кинески, јапонски, непалски, филипински, индонезиски и многу, многу други.rnrnДоколку сакате да станете полиглот, или барем да го збогатите својот фонд на јазици со барем уште еден јазик, тогаш Њујорк и Квинс се вистинската дестинација за вас затоа што сме сигурни дека ќе ви бидат вистинска инспирација за тоа.rnrnОткако дознавте во која област во светот се зборуваат најмногу јазици, можеби ќе сакате да дознаете и совети со чија помош ќе го совладате секој јазик.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Каде во светот се зборуваат најмногу јазици?
