Ова е навистина лесна за подготовка и вкусна салата која може да биде целосна замена на еден ваш оброк. Направете ја и уживајте во нејзиниот прекрасен вкус.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 4 големи компири
- 2 поголеми моркови
- 5-6 кисели краставички
- 200 г тврдо сирење по ваш избор
- 5 варени јајца
- 200 г мајонез
- бибер и сол
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Добро измијте ги компирите и морковите, а потоа сварете ги во солена вода.
- Оставете ги да се изладат, па излупете ги. Сварете ги и јајцата.
- Крупно изрендајте ги компирите и на чинија за сервирање формирајте го првиот слој салата со помош на вилушка.
- Премачкајте ги компирите со мајонез (ви требаат најмалку 2 лажици), а потоа изрендајте ги морковите и формирајте нов слој со вилушка. Прекријте го слојот со мајонез.
- Изрендајте ги ренданите кисели краставички ставете ги во сито и исцедете ја течноста, па нанесете го и слојот од краставички. Повторно премачкајте со мајонез.
- Повторете ги слоевите со компири и моркови, ставајќи помеѓу секој слој мајонез.
- Намесете уште еден слој кисели краставички и нанесете мајонез.
- Потоа изрендајте го сирењето и наросете го одозгора.
- Излупете ги јајцата и одделете ги белките и наредете ги преку салатата.
- Повторно премачкајте со мајонез, а потоа изрендајте ги жолчките, нанесете го и овој слој, па украсете со ливчиња магдонос.
- Оставете ја салатата добро да се излади во фрижидер.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnМожеби сакате да научите и како се подготвува „Цезар салата“ со туна со детален процес на подготовка за почетници кои сакаат да готват!