Сонувањето е многу важен дел од културата на Индијанците. Тоа е длабоко врежано во нивната традиција и нивната духовност. Тие ги учат своите деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како водич во животот.rnrn
rnrnНо, каде оди нашата душа кога сонуваме? Дали останува во нашето тело додека нашиот ум го истражува светот на соништата? Или пак, доаѓа со нас и истражува заедно со умот. Овие прашања укажуваат на тоа дека имаме една душа. Но, според Индијанците, ние имаме 3 души. Прва е его-душата која е поврзана со нашиот здив. Втора е телесната душа која ни дава енергија и животна сила додека сме будни. И трета е слободната душа, која го напушта телото за време на сонувањето и на состојбите на транс.rnrnИндијанците верувале дека дел од душата буквално оди и истражува други димензии. Таа оперира додека физичкото тело спие. Другите две души остануваат во телото додека слободната патува кон светот на соништата.rn
Светот на соништата
rnСпоред Индијанците, умот не сонува ништо, исто како и телото. Поглаварот на едно племе го објаснил тоа на следниот начин:rn
„Вашата душа ги сонува соништата, не вашето тело, ниту вашиот ум. Овие соништа се остваруваат. Душата патува низ целиот свет кога сонувате.“
rnТие веруваат дека кога душата оди во светот на соништата таа комуницира со други духови и човечки души. Во овој свет, можете да комуницирате и со животни. Овој свет е реален колку и физичкиот.rnrnГолем дел од Индијанската филозофија смета дека и овој живот е само еден долг сон. Кај Индијанците нема разлика во важноста на светот на соништата и реалниот живот. Всушност, ако некој сонувал дека е повреден од некое животно, тој бил третиран во реалниот свет.rnrnСлично како нашите психијатари кои ни помагаат со проблемите во реалниот живот, Индијанците се консултираат за нивните соништа.rn
Гледање на соништата во ново светло
rnСпротивно на модерниот свет, соништата во Индијанската култура се исто толку важни колку и реалноста. Понекогаш дури соништата се и поважни. Ова е бидејќи во сонот добиваат духовни водичи, предвидувања за иднината, и се поврзуваат со Духот. Може да се каже дека светот на соништата е астрална димензија која ја посетуваат нашите души со цел да учат и да созреваат.rnrnАко Индијанците биле во право, можеби треба да почнеме посериозно да ги сфаќаме нашите соништа. Можеби во нив се кријат одговорите кои ги бараме.rnrnПрочитајте го и мислењето за значењето на соништата на психолозите.
