Овој тест е инспириран од работата на двајца јапонски психолози, Тадахико Нагао и Исаму Саито и нивното создавање на техниката за проучување на умот позната како кокологија. Кокологијата се темели на психологијата и има за цел да ги открие скриените ставови кои ги имаме за себе, за другите луѓе и за светот низ низа едноставни игри. Што во основа е смислата на оваа игра? Замислете дека сте го напуштиле вашето тело… Кој облик, вие како душа, ќе го преземете после смртта на вашето тело? Во суштина, сликата што ќе ја одберете е директен одраз на вашите емоции. Одлучете се веднаш, без многу размислување.
rn
1. Душа слична на телото
rnИмате здрава самодоверба. Вие подеднакво ги прифаќате вашите предности и недостатоци. Имате урамнотежена автоперцепција и негувате доволно љубов кон себеси. Сигурни сте во себе и своите способности. Ви честитаме!rn
2. Голема душа
rnИмате тенденција да се борите со нецелосни чувства. Не сте сосема задоволни со она што сте го постигнале. Сѐ уште чувствувате дека постои уште многу што треба да исполните во вашиот живот, па ако им пристапувате на целите на здрав начин, тоа чувство може да ви помогне како водич и инспирација.rn
3. Мала душа
rnИмате тенденција длабоко да се сомневате во себе и своите вредности. Иако имате многу добри квалитети на кои треба да се гордеете, вие најчесто се борите со перфекционизмот. Откако ќе прифатите дека сте несовршени, како и сите останати, многу полесно ќе ја формирате целосната слика за себе.rn
4. Душа без облик
rnНе сте претерано опседнати со себе, а тоа може да биде одлика на неверојатно плитка или на неверојатно мудра личност. Не сметате дека можете да се споредувате со другите, бидејќи не сте преокупирани со своите проблеми. Вие сте неутрални: Не ви сметаат вашите недостатоци, ниту пак сте задоволни со вашите сили.

