Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

Сподели

Погледнете ги овие четири карти и дозволете ѝ на вашата потсвест да ја избере онаа што најмногу ве повикува. Треба да ја изберете онаа карта што ве привлекува најмногу затоа што таа носи посебна порака што ќе донесе мир и хармонија во вашиот живот.

Реклама

rn

1. Карта на радост и надеж

rnОваа карта ви најавува дека живеете во денови на промени. Сè што ви се случило досега, се случило затоа што мора да учите, да растете и да бидете силни.

Сега е време да верувате дека најдоброто допрва треба да дојде и да го живеете животот со надеж. Сега е време да заблескате и да го направите невозможното, да правите работи што отсекогаш сте ги посакувале, но никогаш немавте храброст да ги пробате.

Време е да им се вратите на тие соништа и да бидете храбри затоа што универзумот секогаш работи во корист на оние што се обидуваат да ги остварат своите најголеми желби. Живејте го секој ден со радост и со позитивни чувства.rn

2. Карта на мирот

rnОваа карта ќе ве потсети дека можеби не сте одговорни за сето она што се случува во вашиот живот, но вие сте одговорни за ставот што го имате кон работите што се случуваат. Лутината и одмаздата никогаш не се добар избор.

Вие сте мудри и имате контрола над вашиот живот, над вашите одлуки и над вашите реакции. Научете да се справувате со гневот со љубов, а со тврдоглавоста со добри аргументи и ќе видите како вашите денови автоматски ќе станат посреќни и вашиот став кон животот и кон луѓето радикално ќе се подобри и ќе привлекувате благосостојба и љубов.

Бидете смирени, не дозволувајте луѓето да ве влечат кон бури, подобро вие да ги привлечете кон мирот.rn

3. Карта на чесност и одговорност

rnОваа карта ќе ве натера да се запрашате дали во последно време давате сè од себе. Што правите денес за иднината да ве одведе таму каде што сакате да бидете? Што можете да направите во вашиот живот за да бидете најдобрата верзија од себе?

Вие сте личност која прави прекрасни работи. Вашата судбина и вашиот живот се во ваши раце. Поради оваа причина, дефинирајте ги своите цели, исполнете се со сила, со љубов и со храброст и продолжете да се движите кон остварување на вашите соништа затоа што кога знаете што сакате, секогаш ќе најдете начин да го постигнете тоа.

Бидете силни и секогаш давајте сè од себе.rn

4. Карта на фантазијата и на новите можности

rnОваа карта ве повикува да го видите своето постоење со нови очи, со очи на љубопитно дете кое е изненадено од летот на пеперутките или од синото небо. Обично брзате низ животот, не ги гледате прекрасните работи што се случуваат секој ден и не ги забележувате пораките што ви ги испраќа универзумот.

Креативната сила на универзумот го сака најдоброто за вас и секогаш ви испраќа пораки на својот суптилен јазик. Време е да внесете малку повеќе мир во вашите денови. Пред вас ќе се појават нови можности, но само ако го дозволите тоа.

Време е да почнете да ги забележувате знаците бидејќи животот никогаш не престанува да разговара со вас и секогаш ве води на најдобриот пат.

[message_box title=”Изберете ловец на соништа и откријте што значи вашиот избор” color=”yellow”][/message_box]rn

Извор: Atma.hr

Најново

Може ќе ве интересира