КАФЕ ПАУЗА

Ироничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволството

Ироничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволството

И покрај тоа што стресот предизвикува зголемување на желбата за задоволство, како јадење чоколади, иронично, но не го зголемува задоволството кое настанува потоа. Според една нова студија, луѓето кои се под стрес, вложуваат и до 3 пати повеќе напор од останатите за само да го помирисаат чоколадото.rnrnИроничниот ефект кој стресот го има врз желбите и задоволствотоrnrnЕва Пул, водечкиот автор на оваа студија објаснува:rn
rn

„Повеќето од нас доживеале некаков вид стрес кој го зголемил тежнеењето за искуства кои нè наградуваат, како јадење вкусно чоколадо, но истовремено нè тера и да вложиме многу повеќе напор при чувствувањето задоволство од оваа желба, како на пример, трчање до маркет на полноќ. Но, и покрај тоа што стресот ги зголемува нашите желби да се наградуваме, тој не секогаш го зголемува уживањето во она што го доживуваме.“

rnВо студијата, која била објавена во журналот „Experimental Psychology: Animal Learning and Cognition“, биле истражувани група луѓе кои ги држеле своите раце во ледена вода додека ги набљудувале и снимале.rnrnЛедената вода служела како начин тие да бидат под стрес во однос на контролната група чии раце биле во топла вода. И двете групи, кои биле составени од луѓе кои се љубители на чоколадо, потоа биле замолени да стиснат „тупаница“ доколку сакаат шанса да мириснат чоколадо.rnrnГрупата која била под стрес вложувалa многу повеќе напор при извршувањето на оваа задача, што ни сугерира дека посакувале чоколадо многу повеќе од другата група. Но, потоа, поради стресот, тие не ја оцениле посилно миризбата на чоколадото.rnrnД-р Тобајас Брош, кој исто така работел на оваа студија, објаснува:rn
rn

„Стресот игра критична улога во многу психолошки нарушувања и е еден од најважните фактори при појавата на повторно враќање на одредена зависност, како коцкањето или прејадувањето. Стресот изгледа дека вклучува нов начин на функционирање: Доколку личност која е под стрес се сретнува со фотографија или звук кои ги поврзува со пријатни објекти, тогаш ова може да jа натера да инвестира големо количество на труд за да ги добие.“

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.