Никогаш нема целосно да знаеме што сѐ се крие во длабочините на нашата потсвест. Нешто можеме да откриеме анализирајќи ги соништата, интуицијата или брзите, спонтани реакции. Меѓутоа, никогаш нема да ги достигнеме сите тајни на нашата потсвест. Секако, тоа не значи дека не би требало да се обидеме подобро да се запознаеме. Грчкиот филозоф Аристотел еднаш рекол: „Самопознавањето е почеток на сите мудрости“. Ајде да ги послушаме овие мудри зборови и да дознаеме нешто ново за себе решавајќи го овој забавен психолошки тест. Изберете еден од симболите кој најмногу ви се допаѓа, а потоа прочитајте што тој открива за вас.rnrn
rn
1. Срце
rnВие сте симпатична личност, особено за спротивниот пол. Сакате да живеете во вашиот замислен свет и сонувате за совршена љубов. Симболот на срце, исто така вели дека имате проблем со искажување на чувствата. Наместо да ги признаете вашите вистински чувства, очекувате од другите да погодат што ви се крие во срцето. Ова создава бариери, заради кои се чувствувате осамено.rn
2. Пехар
rnВие сте амбициозни и моќни и вашите постигнати цели ви се најголемиот успех. Поседувате натпреварувачи дух и сакате да победувате. Неуспесите тешко ви паѓаат и обично ги обвинувате другите за нив. Чувствувате дека сте посебни и дека го заслужувате само најдоброто. Можеби дури мислите и дека сте најдобри. Пехарот е симбол на гордост, труд и големи достигнувања.rn
3. Солза
rnОвој симбол укажува на негативни емоции и трауми – тој е поврзан со тагата, анксиозноста и депресијата. Ако сте го избрале овој симбол, можеби имате потешкотии во односите со луѓето или со одредени чувства. Можеби се чувствувате осамено, а немате никој близок кој би ги сослушал вашите проблеми. Дали одвреме-навреме се чувствувате и несфатено?rn
4. Птица
rnПтицата претставува слобода и бегство од проблемите. Понекогаш посакувате едноставно да одлетате и да оставите сѐ зад себе. Сонувате за мирен, безгрижен живот, но знаете дека засега тоа е неостварливо. Ако сте избрале птица, пред вас се наоѓаат многу прилики и препреки кои успешно ќе ги совладате.rn
5. Песочен часовник
rnПесочниот часовник симболизира страв од иднината и болни спомени од минатото. Не грижете се за минатите настани туку фокусирајте се на сегашноста. Песочниот часовник може да укажува на тоа дека сте заглавиле во одредени работи. Би било добро да ги пуштите, да започнете сѐ одново или едноставно да продолжете понатаму.rn
6. Пеперутка
rnВи се допаѓаат убави и скапоцени работи. Додека сонувате за луксузен живот, не работите многу на тоа да ја подобрите моменталната финансиска ситуација. Се надевате дека судбината ќе ви го донесе тоа што го сакате, наместо самите да се обидете да остварите успех. Од друга страна, пеперутката како симбол на метаморфоза, може да значи дека сте подготвени на промени во животот. Овој симбол значи и дека сте креативни, со голема фантазија, но ви недостига храброст за да ги остварите вашите идеи.rn
7. Парче од сложувалка
rnСакате да ги поправите работите во вашиот живот, но тоа не ви оди од рака. Можеби причината за тоа лежи во вас? Не сакате да решавате туѓи проблеми, бидејќи чувствувате дека имате доволно сопствени проблеми. Сакате уреден и мирен живот, како и совршен партнер – засега, сѐ ова ви е вон дофат. Одвреме-навреме сте фрустрирани и сонувате за подобар живот. Чувствувате дека сѐ уште нешто ви недостига, а можеби би требало да бидете задоволни со тоа што го имате.rn
8. Клуч
rnКлучот може да укажува дека затворате една фаза од животот и дека се вртите кон новите можности. Можеби ќе го решите проблемот кој долго сакате да го решите. Овој симбол исто така вели дека криете некои тајни во себе. Не му покажувате на светот целосно кои сте и што чувствувате.rnrnВи предлагаме и да одберете еден од овие симбол, да кликнете на него и да откриете што ве чека во блиска иднина.rnrn