Џузепе Заноти: Колекција пролет/лето 2014

Сподели

Автор: Ана Петровиќ

Реклама

Како дизајнер кој секогаш носи новитети на модната сцена, Џузепе Заноти не отстапува од препознатливиот дизајн и квалитетните материјали кои ги користи при изработка на своите чевли. Но, прашањето кое се отвора е – како да се остане доследен на себеси, а сепак од него да произлезе нешто уникатно и подеднакво привлечно?

rnОвој одличен италијански дизајнер пронајде иновативен начин да го одржи балансот помеѓу модерните и традиционалните вредности кога е дизајнот и квалитетот во прашање. Неколку ефектни детали и нови бои се главните карактеристики на новата колекција, наменета за жени со цврст став.

Реклама

Преку неа, Џузепе им порачува на жените да не се откажуваат од своите стандарди и животни цели, но им препорачува и да ја задржат онаа елегантна страна која ја претвора секоја жена во модерна Пепелашка.

Уживајте во фантастичните детали и неприкосновениот дизајн, која ја нуди Џузепе Заноти за оваа пролет/лето 2014.


Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира