Според една неодамнешна студија, вегетаријанската и веганската исхрана го намалува ризикот од срцеви болести, но носи зголемен ризик од мозочен удар. Истражувањето објавено во Британскиот медицински журнал проучувало 48.000 луѓе во период од 18 години. Според добиените резултати, и вегетаријанците и веганите имале за 10 случаи помалку коронарни болести на 1.000 луѓе во однос на оние што јаделе месо, но и 3 случаи повеќе во однос на мозочниот удар.rnrn
rnrnПоловина од испитаниците јаделе месо, додека пак останатата половина ја содржеле вегетаријанци и вегани (повеќе од 16.000) и пескетаријанци, односно луѓе што јаделе само риба (7.500). За потребите на студијата, биле земени предвид нивните здравствени анамнези, пушењето и телесната активност.rnrnКај пескетаријанците бил забележан 15% помал ризик во однос на коронарните срцеви болести во однос на оние што јаделе секаков вид месо, додека пак кај веганите овој ризик бил намален на 22%. Од друга страна пак, ризикот од мозочен удар кај нив бил зголемен за 20%.rnrnНаучниците сметаат дека причината за ова може да биде ниското ниво на витамин Б12, но исто така истакнуваат и дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди поврзаноста потемелно.rnrnПрочитајте ги и овие 10 изненадувачки факти за вегетаријанците.
Истражување: Вегетаријанците и веганите имаат зголемен ризик за мозочен удар
