КАФЕ ПАУЗА

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Повеќето луѓе ги дефинираат вегетаријанците како луѓе кои не јадат место, но ова не е секогаш вистина. Некои од нив свесно консумираат месо, а дури и најтврдокорните вегетаријанци можеби не можат да му одолеат на месото кога се пијани. Во продолжение прочитајте неколку факти за вегетаријанци кои веројатно не сте ги знаеле.rn

1. Вегетаријанскиот начин на исхрана бил нарекуван „Питагоров“

rn10 изненадувачки факти за вегетаријанцитеrnrn„Вегетаријанец“ е всушност нов збор создаден во 19-тиот век. Претходно исхраната без месо се нарекувала „Питагорова“. Веројатно претпоставивте, именувана е по грчкиот математичар и астроном Питагора. Питагора престанал да јаде место, не од здравствени или од етички причини, туку бидејќи верувал дека мртвите луѓе биле реинкарнирани како животни.rnrnПитагора јадел само леб, мед и зеленчук. Многу од неговите следбеници го прифатиле неговиот начин на исхрана. Тој се обидел да им ја покаже диетата на Грците, но неуспешно бидејќи јадењето месо било всадено длабоко во нивната култура.rn

2. 84% од вегетаријанците се враќаат на месото во рок од една година

rn10 изненадувачки факти за вегетаријанцитеrnrnЕдно истражување спроведено од страна на Советот за човечки истражувања на САД, открило дека 84% од модерните вегетаријанци се откажуваат од новиот начин на исхрана една година откако започнале. Во истражувањето учествувале 11.000 вегетаријанци, поранешни вегетаријанци и луѓе што јадат месо од САД. Според истражувањето, 88% од Американците над 17 години никогаш не биле вегетаријанци, 10% биле и престанале и 2% останале вегетаријанци. Но, само 1 во 5 вегетаријанци продолжува со тој начин на исхрана.rnrnТретина изјавиле дека му се вратиле на месото откако започнале врска со личност која јаде месо. Други го направиле тоа од здравствени, финансиски или социјални причини. Сепак, сите поранешни вегетаријанци јаделе помалку месо вториот пат.rn

3. Постојат разни видови вегетаријанци

rn10 изненадувачки факти за вегетаријанцитеrnrnКако вегетаријанци се сметаат луѓе кои не јадат месо. Не сите се придржуваат до правилото, но најчесто консумираат растителна храна.rnrnВеганите се во малцинството вегетаријанци и нивниот начин на исхрана е најстрог. Тие не консумираат месо и риба и не користат животински продукти како мед, млеко и јајца. Исто така избегнуваат производи како свила, кожа и волна.rnrnЛакто-вегетаријанците се како веганите, но консумираат и млечни производи. Ово-вегетаријанците јадат исто што и веганите, но консумираат и јајца. Лакто-ово-вегетаријанци се комбинација од двете и повеќето вегетаријанци спаѓаат во оваа категорија.rnrnПостои и група која јаде само пилешко, група која јаде само риба и морска храна и група која одвреме-навреме јаде месо. Некои не ги прифаќаат овие начини на исхрана како вегетаријански бидејќи главната цел е да се прекине консумирањето месо.rn

4. Некои вегетаријанци јадат само месо од кенгур

rn10 изненадувачки факти за вегетаријанцитеrnrnВо Австралија се појавила нова група вегетаријанци. Овие луѓе консумираат само месо од кенгури, а престанале со јадење друго место од етички причини. Тие не го сакаат начинот на кој животните се третираат во фармите. Бидејќи во Австралија има многу кенгури кои се диви и не се одгледуваат на фарма, овие луѓе ги јадат. Наводно, кенгурите се „позелена“ варијанта за месо бидејќи не произведуваат метан, за разлика од добитокот на фармите.rn

5. Луѓето стануваат вегетаријанци најмногу од две причини

rn10 изненадувачки факти за вегетаријанцитеrnrnЛуѓето стануваат вегетаријанци од здравствени или етички причини. Етичките вегетаријанци не се загрижени за влијанието на месото врз нивното здравје. Тие веруваат дека животните не треба да се користат за храна бидејќи не се овде за да ги задоволат нашите потреби.rnrnОние кои стануваат вегетаријанци од здравствени причини најчесто сакаат да ослабат или да го намалат холестеролот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn