КАФЕ ПАУЗА

Истражување: Сопствениците на мачки се поинтелигентни од оние кои чуваат кучиња

Истражување: Сопствениците на мачки настојуваат да бидат поинтелигентни

Според некои истражувања, луѓето најчесто чуваат кучиња како домашни миленичиња. Изгледа кучето е најдобриот пријател на човекот, но наводно чувањето мачка укажува на навистина интересни факти за нивните сопственици.rnrnИстражување: Сопствениците на мачки настојуваат да бидат поинтелигентниrn

Миленичињата се одраз на вашиот животен стил

rnПокрај неверојатните способности на мачките да го намалат стресот кај луѓето и да им помогнат да се справат со загуба, чувањето на ова животно може да каже многу за вашиот карактер.rnrnИзненадувачки, луѓето најчесто одбираат милениче кое одговара на нивниот животен стил и нивите навики. Едно неодамнешно истражување спроведено од Универзитетот во Флорида и универзитетите Керол и Маркет објаснува зошто.rnrnСемјуел Д. Гослинг од Универзитетот во Тексас бил првиот што добил идеја да ги спореди сопствениците на кучиња со нивните миленици. Тој истакнал неколку чести одлики помеѓу луѓето и нивните најдобри пријатели, но љубителите на мачки не се нашле на неговата листа.rnrnПодоцна, Денис Д. Гастело, вонреден професор на Колеџот Керол, заедно со Андреа Д. Гастело и Стивен Џ. Гастело, направиле големо и единственото истражување што ги споредува карактеристиките на луѓето кои чуваат мачка или куче. Главната цел била да се разбере врската помеѓу човечките одлики и нивниот избор на милениче.rn

Разликите помеѓу љубителите на мачки и кучиња

rnВо истражувањето учествувале околу 600 студенти кои биле проучувани од неколку психолози. Биле набљудувани способноста за расудување, топлината, емоционалната стабилност и слично кај студените.rnrnСпоред одговорите на испитаниците, студентите кои имале куче биле поотворени и екстроверти. Од друга страна, луѓето кои чувале мачки биле почувствителни и креативни. Кај сопствениците на мачки се истакнала уште една карактеристика – покрај нивната чувствителност, овие луѓе застанувале зад нивните интереси и нивните гледни точки.rn

Сè е до интелигенцијата

rnМожеби најинтересната одлика што била забележана е интелигенцијата. Истражувањето покажало дека сопствениците на мачки имале повисока интелигенција од сопствениците на кучиња.rn

Љубовта е клучна

rnКако и да е, без разлика дали сте љубител на мачки, на кучиња или на риби, најважна е вашата поврзаност со миленичето. Овие крзнени пријатели се секогаш покрај вас, без разлика дали повеќе ве интересираат науката и знаењето или дружењето и социјалниот живот.rnrnДоколку не можете да се одлучите за милениче, погледнете дали е подобро да посвоите мачка или куче.