При анализата на модните ревии, многумина не обрнуваат внимание на шминката или на фризурата на моделите бидејќи тие се максимално фокусирани на облеката, на обувките и на модните додатоци. Фризурите презентирани на модните ревии се претежно практични и едноставни, токму онакви какви што се потребни за овој неизвесен период кога сите тежнеат кон лежерност.rnrn
rnrnДизајнерката Тори Бурч за сезоната есен/зима предлага едноставни и романтични фризури кои одговараат на косата со сите должини и текстури и нивното стилизирање не може да биде полесно.rnrn
rnrnПотребно е само да малку да извртите два прамени од двете страни на главата, а потоа да ги поврезете на тилот со помош на еластична лента.rnrn
rnrnДруга практична фризура е онаа со предниот горен дел од косата зафрлен наназад и фиксиран на задниот дел од главата со помош на убава лента. Неуредна, природна, лежерна – не може да биде поедноставно.rnrn
rnrnСудејќи според она што можеше да се види на модните ревии на модните куќи „Диор“, „Гучи“ и „Адеам“, главните додатоци за коса за сезоната есен/зима ќе бидат марамите и лентите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМарамите се многу ефикасни без разлика дали имате кратка или долга коса, а истото важи и за панделките што ќе изгледаат одлично на косата со сите должини и текстури.rnrnДизајнерот Брандом Максвел предлага елегантна фризура за која е потребно многу кратко време – ниско коњско опавче украсено со долга сатенска лента.rnrn
rnrnНа ревиите на брендовите „Max Mara“ и „Tadashi Shoji“ имаше т.н. бебешки плетенки, односно класични фризури украсени со една мала плетенка.rnrn
rnrnПогледнете кои 4 фризури можe да ви предизвикаат главоболка.
Едноставни, но модерни фризури што треба да ги пробате оваа есен
