Колку и да ви се чини дека времето во изолација успеа да ви ги одземе омилените рутини, дружењето и секојдневните активности, тврдиме дека, исто така, ви донесе безброј нови можности и позитивни работи.rnrn
rnrnБидејќи сега имаме повеќе време да ги завршиме работите што можеби само „висеа во воздухот“ како планови, ние решивме да откриеме што „гуглаат“ жените во поголемиот дел од слободното време.rnrnПосетите и средбите со пријателите станаа забранети, па следствено на тоа, социјалното вмрежување значително се зголеми. Логично, нели? Благодарение на Интернетот, можеме да комуницираме со луѓето со кои сакаме секој ден, а вишокот време ни овозможува да поминуваме време со пребарување на Google за темите што нè интересираат.rnrnКако и да е, бидејќи на жените им се оневозможени услугите од нивните фризери, козметичари и разните третмани за убавина, новите истражувања објавени од flawless.org покажале за што се најмногу заинтересирани жените за време на пандемијата. Најчестите пребарувања на Google се поврзани со негата на коса, шминкањето и активностите на славните.rnrnКога станува збор за косата, најмногу пребарувања потекнувале од темата: „Колку често треба да се миете косата?“, „Како да се навитка косата со пегла за коса?“, „Совети за побрз раст на косата“, но и „Како самите да се потстрижете?“. Поимот шминка забележал најголем раст. Пребарувано е 135.000 пати во еден месец, а истражувањето покажало дека жените се најмногу заинтересирани за тоа како да ги исчистат четките за шминка и како да направат лицето да им изгледа убаво без шминка.rnrnОва било проследено со пребарувања за ноктите, со најголем интерес за темата „Како да го отстранам гелот лак за нокти?“. Покрај тоа, животите на славните не се запоставени дури и за време на изолацијата. Жените биле најмногу заинтересирани за активностите на Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Ариана Гранде.rnrnКако и да е, карантинот дефинитивно ни овозможува пауза од производите за убавина и враќање на природниот изглед.rnrnМожеби сакате да ги прочитате наодите и од едно интересно истражување: Зошто жените се посреќни, но и понервозни од мажите?rn
Истражување: Што најмногу „гуглаат“ жените за време на изолацијата?
