Неодамнешни истражувања покажале дека жените сè порано влегуваат во менопауза. Тоа се случува поради изложувањето на одредени штетни материи кои се поврзани со слабеењето на функцијата на јајниците, а со тоа влијаат и на репродуктивната функција. Откријте за кои материи станува збор…rnrn
rnrnОва истражување било спроведено врз 31.575 жени на возраст од 45 до 55 година, каде што анализата на урината и крвта покажала дека жените кои имале поголема концентрација хемикалии во нив влегувале и до 1,9 до 3,8 години порано во менопауза од другите жени. Станува збор за штетни материи како диоксин (кој се наоѓа во пестицидите) и фталат кој се наоѓа во парфемите, пластиката, козметиката и спреовите за коса. Истражувањето покажало дека изложеноста на овие материи била поврзана со слабеење на функцијата на јајниците, што негативно влијае врз репродуктивните способности.rn
„Тоа е само дел од приказната“, изјавила д-р Купер, водечкиот истражувач.
rnСо оглед на фактот дека голем дел од овие материи се насекаде околу нас, жените немаат многу простор за делување. Токму затоа и таа ги советува сите да ги избегнуваат парфемите кои содржат фталати и да користат козметика на природна база, онаа која не содржи различни видови пестициди. Исто така предупредува и да се избегнуваат производите пакувани во пластични амбалажи.rn
„Нашата цел не е да ве плашиме, туку само да го подигнеме нивото на свесност за овој проблем“, рекла таа.