КАФЕ ПАУЗА

Истражување: Како спијат луѓето кои се будат мрзливи наутро?

Истражување: Како спијат луѓето кои се мрзливи наутро?

Едно големо истражување за спиењето открило дека вашата положба на спиење има влијание на тоа како ќе се чувствувате наутро.rnrnИстражување: Како спијат луѓето кои се мрзливи наутро?rnrnКако повеќето луѓе, веројатно и вие сметате дека за да бидете подготвени за наредниот ден, треба добро да се наспиете. Но веројатно се прашувате зошто и после 8 часа спиење, понекогаш се чувствувате навистина изморено.rnrnНовото истражување покажало дека виновна е вашата положба на спиење. Во истражувањето учествувале 1.021 испитаник на кои им биле поставувани прашања за нивните навики за спиење. Најголем дел од испитаниците биле на возраст помеѓу 18 и 77 години, 54,4% биле жени и 45,6% биле мажи.rnrnКога биле прашани во која положба спијат и колку добро спиеле, се открило дека оние кои спиеле на грб спиеле најдобро. Многу испитаници изјавиле дека најмногу сакаат да спијат на страна во положба на фетус, бидејќи оваа положба е удобна и утешителна. Но истовремено, 40% од оние кои спиеле во оваа положба изјавиле и дека спијат лошо.rnrnИстражувањето покажало дека луѓето кои спијат на страна и на стомак, наутро се најмрзливи. Од друга страна, луѓето кои спиеле на грб се буделе мотивирани и подготвени за претстојниот ден.rnrnНаучниците обрнале внимание и на просторот во креветот. Паровите кои спиеле свртени со грб, имале најлош квалитет на сонот. 37% од нив изјавиле дека нивниот квалитет на спиење е под просекот. Од паровите пак кои спиеле оддалечени еден од друг, 72% изјавиле дека спиењето им било добро. Па изгледа дека најдобро ќе се наспиете доколку сте сами во креветот.rnrnЗнаевте ли дека начинот на кој спиете со партнерот кажува многу за вашата врска.