КАФЕ ПАУЗА

Истражувањата покажале дека интелигентните луѓе остануваат до доцна, користат дрога и имаат повеќе секс

Кој е знакот на интелигенција во денешното општество? Многу често ги замислуваме интелигентните луѓе како учат во некоја библиотека. Ја поврзуваме интелигенцијата со социјална повлеченост и добро однесување. Но што ако важи спротивното?rnrninteligentnite-lugje-ostanuvaat-do-docna-koristat-droga-i-imaat-povekje-seks-kafepauza.mkrnrnШто ако најинтелигентните луѓе се однесуваат на начин кој родителите не би го одобриле? Времињата се променија, па интелигентните луѓе не се секогаш заинтересирани за учење и следење правила. Иако звучи изненадувачки, некои истражувања покажале дека интелигентните луѓе остануваат будни до доцна, почесто злоупотребуваат дрога и имаат повеќе секс. Луѓето во нашето општество кои имаат повисок коефициент на интелигенција се „ноќни птици“ и уживаат во сексот и дрогата повеќе од луѓето со понизок коефициент на интелигенција. Следниве 3 истражувања покажуваат дека треба целосно да го промениме мислењето за интелигенцијата и однесувањето.rn

1. Интелигентните луѓе се ноќни птици

rnВо истражување објавено во журналот Personality and Individual Differences, истражувачите ја предложиле хипотезата дека луѓето со висока интелигенција се привлечени кон нови однесувања. Овие „нови однесувања“ ѝ користат на еволуцијата бидејќи ја зголемуваат способноста за решавање проблеми и ни овозможуваат знаење кое ќе го подобри нашиот живот. Тоа е исто како кога природата се „тера“ да еволуира и да создаде нешто ново. rnrnИстражувањето покажало дека интелигентните луѓе не само што послободно размислуваат, туку имаат и различен циклус на спиење. Луѓето со повисока интелигенција, и во детството и кога се возрасни, си легнувале барем еден час подоцна од просечните луѓе. Исто така се буделе и еден час подоцна. Ова важи и за работните денови и за викендите. Во истражувањето учествувале 20.000 испитаници. Па ако вие или вашето дете имате навика да останувате до подоцна и тешко ви е да го промените тоа, можеби е добар знак. Наместо да се присилувате да заспиете порано, искористете го тој период за нешто креативно.rn

2. Интелигентните луѓе почесто користат дрога

rnИнтелигентните луѓе не се само ноќни птици, туку тие сакаат да експериментираат и со дрога. Звучи лудо, зарем не? Ова не го оправдува користењето дрога, но ако имате висок коефициент на интелигенција, имате поголеми шанси да експериментирате. Едно истражување покажало дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто експериментирале со психоактивни супстанци. Причината за ова е тоа што овие супстанци се еволуциски новитет и се разликуваат од општото однесување.rnrnДруго истражување од 2011 година, објавено во журналот Epidemiology and Community Health, открило дека луѓето кои имале подобри резултати на тестовите за интелигенција, како деца почесто експериментирале со нелегални супстанци, особено со марихуана. Друго истражување од 2012 година ги добило истите резултати и открило дека интелигентните деца имаат големи шанси да користат марихуана, амфетамини и печурки подоцна во животот.rn

3. Интелигентните луѓе имаат повеќе секс

rnИстражувачи од Велика Британија откриле дека студентите на универзитетите како Оксфорд и Кембриџ трошат повеќе пари на секс играчки за разлика од студентите на други универзитети. Оваа поврзаност веројатно произлегува од „отворениот ум“ која доаѓа со повисоката интелигенција. Ова е интересно откритие, бидејќи луѓето кои учат на најпрестижните универзитети, трошат најмногу пари на секс играчки. rnrnИсто така веројатно е дека колку е попрестижен универзитетот, толку повеќе секс имаат студентите. Овие откритија биле објавени во The Telegraph и ја започнале шпекулацијата дека високата интелигенција можеби е поврзана со зголемената желба за секс.rn

Што значи сето ова?

rnОва не значи дека останувањето до доцна, користењето дрога и експериментирањето во сексот ве прават интелигентна личност. Но изгледа дека луѓето со висока интелигенција се привлечени од овие активности. Можеби причината е нивниот отворен ум, желбата за проширување на знаењето или пак, биолошкиот нагон за експериментирање со нешто ново. Овие истражувања навистина ги побиваат сите верувања кои сме ги имале за интелигентните луѓе. Изгледа дека интелектуалците се оние кои најмногу се забавуваат.