КАФЕ ПАУЗА

Исповед на жена на која менопаузата ѝ го направила животот вистински пекол

Исповед на жена која менопаузата ѝ го направила животот вистински пекол

На 48 години, Јована почнала да ги забележува симптомите на менопаузата. На 52 години престанала да добива менструација и влегла во менопауза.rnrnИсповед на жена која менопаузата ѝ го направила животот вистински пеколrnrnМенопаузата е вистински пресврт во животот на секоја жена. Кога настапува, повеќето жени се зачудени и се целосно неподготвени за тоа искуство. Една жена решила да го сподели своето искуство со менопаузата за да покаже низ што минуваат сите жени во светот.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога бев девојка, се мразев и себеси и целиот свет кога ќе добиев менструација. Болка во стомакот, мозолчиња, грчеви, плачење секој месец… Потоа се омажив, родив едно дете, а по две години и второ. Циклусот ми стана редовен, траеше од 3 до 5 денови и имав помалку болки.rnrnМи се чини како после породувањето сè да се поправи, баш како што ми кажа докторот додека бев млада. Навистина сум одговорна за своето здравје и редовно одам на гинеколог. Сега кога децата пораснаа и си посветувам повеќе внимание, невозможно е да не забележам некои промени.rnrnОколу мојата 45-та година почнаа промените во траењето на циклусот. Менструацијата си ја промени должината, но и обилноста. Кога имав 48 години се менуваа деновите кога добивав. Некогаш добивав на 21-виот, некогаш на 28-иот ден, а имаше периоди и кога ми доцнеше по цел месец. Секогаш кога добивав бев благодарна за тоа. Иронија на животот!rnrnЗнаев дека не сум бремена и тогаш се појавија и другите симптоми – често будење навечер, намалена желба за секс, раздразливост и депресија. Истовремено плачев и ја барав причината за тоа. Плачев ако сопругот си дојде од работа и не ме бакне, а секое грубо затворање на вратата беше причина за расправија.rnrnКога во 51-вата година забележав дека не добив три месеци по ред, отидов на гинеколог. Покрај сето ова, таа ми кажа и дека кожата ми е влошена, косата поретка, а ноктите пократки. Дома се вратив во полоша состојба отколку кога излегов. Депресијата траеше со недели, не можев да се помирам со тоа што вагата покажуваше 65 иако цел живот имав помалку од 60 килограми. Ниеден фустан не ми беше точен, а косата морав да ја скратам.rnrnЖивотот воопшто не нè разгалува нас жените. И тогаш, еден ден нешто кликна. Ќерка ми ме однесе на шопинг и ме убеди да купам неколку нови работи кои „не се за баби“. Се запознав со своето тело и бев подготвена да му помогнам. Почнав да пијам витамини за жени во менопауза, да користам креми за моја возраст и средства за коса што ми ја вратија во живот.rnrnСфатив дека сè може да се реши, само ако имате желба. Килограмите почнаа да се намалуваат кога престанав да јадам како да имам 25 години и кога внесував повеќе овошје и зеленчук. Вежбам два пати неделно и секој ден го шетам кучето по неколку пати. Засега е доволно. Лекарот ми вели дека сум во менопауза, но јас повеќе не се чувствувам така.“rnrn[/message_box]rnrnДознајте како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.