КАФЕ ПАУЗА

Искрено писмо од една мајка која ја доловува вистината за периодот по пораѓањето

Џенифер Легра е млада мајка која отворено зборува за нештата кои многу жени ги доживеале после раѓањето дете, но за кои никој не сака да зборува.rnrn0-iskreno-pismo-od-edna-majka-koja-ja-dolovuva-vistinata-za-periodot-po-porogjanjaeto-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn„Неколку месеци откако го добивме првото дете, единствената мисла поврзана со мојот сопруг која ми се вртеше низ главата беше: ’Дали згрешив?’ Дали погрешив што се омажив токму за него?’ Со други зборови, сѐ што правеше можеше да се стави во две категории – иритирачко и премногу иритирачко. Со трети зборови, ГО МРАЗЕВ!rnrnКога се паркираше толку блиску до другиот автомобил така што едвај имаше простор да излезам јас од колата, а камоли количката за детето, полудував. Кога доев, а тој после 20 минути ќе се појавеше со расплаканото дете и ќе ми речеше: ’Мислам дека е повторно гладна’ полудував. ТИ НАХРАНИ ЈА! – сакав да вриснам од бес.rnrnКога спиеше навечер, потонат во цврст сон, со отворена уста и ‘рчење кое беше толку гласно што не можеше да се спореди ни со плачењето кое доаѓаше од креветчето, тогаш го мразев. Толку многу, што неколку пати паднав во искушение да го треснам по носот. Сфаќам дека многу од овие нешта не беа до него и дека тој всушност за ништо не беше крив. Така што, јасно ми е дека многу работи си ги замислував, но едноставно тогаш бев во состојба да направам злосторство без грижа на совест.rnrnОд друга страна пак, ни тој не реагираше подобро. Дури и кога се обидував да ги свртам нештата на шега, тој сѐ сфаќаше на погрешен начин – воглавно како напад. На истиот начин се шегував и пред да добиеме дете, но повратните реакции не беа ништо во споредба со овие сега. Не можев да престанам да размислувам кога и како тргнавме по погрешен пат.rnrnТој не разбираше од каде доаѓа таквото мое однесување, нити пак можеше да го сфати. Набрзо после моето пораѓање тој се врати на своите секојдневни активности, додека јас се обидував да најдам начин како да се грижам за нешто дете, но и да најдам малку време за себе. Тој не можеше да сфати дека туширањето за мене е луксуз – дека тоа не значи само да се остане чист (иако имаше моменти кога ни тоа не можев да го постигнам) и дека навистина ми се потребни барем 15 минути да уживам во купката сама со себе. Така, кога ќе ме прекинеше извинувајќи се дека мора да моча, јас одма ќе се запрашав како можев да се омажам за ваков човек.rnrnСе покажа дека многу луѓе ме предупредија дека кога ќе станам мајка ќе бидам неверојатно исцрпена. Меѓутоа, никој не ми кажа дека можеби ќе го мразам сопствениот маж. Никој не ми кажа дека ќе има моменти кога ќе сакам да го убијам. Така, дозволете ми да ви кажам: По породувањето можеби ќе го мразите својот сопруг.rnrnВерувајте дека ова може на секого да му се случи, без разлика колку се сакате и колку сте среќни. Овде не станува збор за тоа колку е силна вашата љубов и колку е силен бракот пред да се роди детето, туку за она што следува потоа. Ова сега е нашата приказна, но може да биде и ваша. Сечија. Сите оние нешта на кои ме предупредуваа родителите се апсолутно точни.rnrnБев толку уморна што имаше денови кога заборавав дали воопшто сум се истуширала, дури се случуваше некогаш и да не ми е грижа. Во цел тој хаос започнав да се чувствувам многу лошо. Не излегував од дома, а кога ќе излезев тоа беше на пола саат. Првиот пат кога излегов надвор се чувствував како гремлин на сонце, како да сум целосно гола и како да не припаѓам тука.rnrnДолго време не се гледав со возрасни, така што немав пријателки кои ќе ми речеа дека си замислувам и дека изгледам супер. Можно е мажот да ми го кажуваше тоа, но знаете дека тоа не се смета толку многу како кога ќе ви го каже друга жена. Хормоните во мене дивееја како на концерт на Принц во 80-тите, а целото мое внимание и љубов веќе не беа насочени кон мажот, туку кон бебето.rnrnИ баш тогаш се чувствував грозно, кога самата на себе си изгледав грозно, кога мажот ми беше единствената возрасна личност која ја гледав, кога тој ми беше единствената врска со надворешниот свет и кога само тој знаеше низ што поминував (тоа го правеше мој најдобар пријател, но и мој најголем непријател), а јас го мразев. Но кој друг би мразела? Тој беше единствената личноста која беше тука во тие мигови. А, тогаш, еден ден сѐ се врати во нормала. Сѐ исчезна. Почнав да се чувствувам подобро и да ги гледам нештата појасно.rnrnМојот брак беше под знак прашалник со недели, можеби и месеци, а еден ден само престанав да се прашувам. Одеднаш веќе не сакав да го треснам по носот додека спие, нити да го убијам, затоа што ништо од сето тоа не беше поврзано со нашиот брак и однос. Никогаш и не било. Во прашање беше само нова верзија од нас и нов живот кој стана дел од нашиот.rnrnМоите црни мисли за можното злосторство, како и лудачкото однесување не беа одраз на нашиот однос. Тие беа дел од она што се случува кога двајца стануваат тројца, кога создавате семејство и кога се запознавате со нов, поинаков живот кој за многу брзо исто така лудачки ќе го засакате.“rnrn[/message_box]