rn
7. Висината на казната за брзо возење зависи од висината на личните примања
rn
rnrnВисината на казната за брзо возење во Финска, буквално зависи од тоа колку заработува личноста којашто го прекршила законот. Колку повисока му е платата, толку повисока ќе биде и казната. Еден од главните менаџери на голема финска компанија, морал да ја плати највисоката казна во историјата. Тој возел 75 км/ч, на место на коешто максималната дозволена брзина изнесувала 50 км/ч и за тој „луксуз“ морал да плати неверојатни 116.000 евра.rn
8. Полициски ирвас
rn
rnrnВо некои земји има полицајци коишто патролираат качени на коњи или камили, но во Финска ирвасите се тие коишто им помагаат на полицајците. Ова најмногу се практикува од маркетиншки причини, со цел привлекување туристи во северните делови од земјата.rn
9. Маркетинг за интроверти
rn
rnrnФинците понекогаш обожуваат да поминуваат време сами со себе, па поради тоа постојат барови во коишто можете да седнете и да пиете сосема сами, а во супермаркетите има и специјални корпи наменети за еден купувач т.н. „ Sinkkukori“.rn
10. Љубители на пиво
rn
rnrnПросечен човек во Финска пие околу 85 литри пиво на годишно ниво. Како резултат на тоа, не е чудно што во супермаркетите во Финска постојат специјални промотивни понуди, коишто вклучуваат купување на 1.000 лименки пиво одеднаш.rn
11. Куќи наменети за студентски забави
rn
rnrnРечиси секој голем универзитет во Финска има сопствени куќи за забава, коишто студентите може бесплатно да ги изнајмат и во нив да организираат било каков настан, дури и журка со алкохол. Тие изгледаат како обични фински куќи, со голема дневна соба, неколку спални соби и сауни.rn
12. Љубители на кафе
rn
rnrnФинска е прва држава во светот на листата со најголеми консументи на кафе. Просечен човек во Финска користи околу 12 килограми кафе годишно. Италијанците од друга страна, пијат само 5 килограми во просек.rnrnФактите продолжуваат на следната страница…rn
