КАФЕ ПАУЗА

Имате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!

Имате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!

Според едно американско истражување, коешто започнало во 1940-та година и било спроведено на 200 здрави и млади Американци, ќе живеете долг живот, доколку имате куче, голем број пријатели и среќа во бракот. Воедно, тие истакнуваат дека овие три нешта, се поважни од местото на раѓање, богатството и социјалниот статус.rnrnИмате куче, многу пријатели и среќен брак? Тоа е клучот за долг живот!rnrnРезултатите од ова истражување, не се за изненадување. Имено, среќниот брак и големиот број пријатели, ја исполнуваат буквално секоја личност. Што се однесува до чувањето куче, веќе е докажано дека луѓето коишто се грижат за ова милениче, имаат помало количество холестерол во крвта, понизок крвен притисок, подобро се справуваат со стресот и се генерално посреќни.rnrnБогатството и социјалниот статус, од друга страна, не придонеле никако на животниот век на испитаниците. Ништо од сето тоа, нема големо значење, доколку личноста е осамена.rnrnЗаклучокот на научниците, е дека среќата игра клучна улога во животниот век на луѓето. Воедно, тие истакнуваат дека некои луѓе погрешно ја интерпретираат среќата. Навистина среќни, се оние луѓе коишто имаат високо развиена емоционална интелигенција, имаат добри односи со луѓето во нивното окружување и квалитетно се поврзани со нив.rnrnДоколку не сте сè уште во брак, а вашиот круг на пријатели е мал, донесете куче во вашиот дом. Тоа, не само што ќе ве направи посреќни, туку ќе ви овозможи да запознаете повеќе луѓе, па како резултат на тоа, можеби ќе стекнете и нови пријатели. Сето тоа, се чекорите до посреќен и подолг живот.rnrnВо продолжение, прочитајте ги и тајните за долг живот на актерката Бети Вајт